„Ало АРМ“ по НАТО стандарди! Колку фиксни телефони АРМ си купи за половина милион евра?
Објавено во: Економија 21 Декември, 2023 11:50
АРМ и Министерството за одбрана ќе се опремат со 2.000 нови фиксни телефони од американскиот производител „Циско системи“. Од нив 200 телефонски апарати се за видео-аудио врска и уште 1.800 телефони се класични фиксни телефони за гласовна комуникација. Вкупната вредност на целата набавка со се централи и додатни елементи е 1,5 милиони евра со вклучен ДДВ
Македонското Министерство за одбана ќе набави 2.000 фиксни телефони за кои од државниот буџет ќе плати над половина милион евра. Станува збор за нов тендер кој го доби скопската фирма „Телелинк бизнис сервисис“ која треба да набави инсталира и стави во функција нова централа за потребите на Министерството за одбрана и за АРМ.
Според договорот за набавка на опремата достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/a777da1e-9cdf-4644-97bc-ce4d1f9ac4af ќе бидат набавени: видео/аудио телефонски централи со лиценца, конференциски системи, медиа гетвеј системи, персонални видео конференциски уреди, телефони, блу-тут слушалки, видео-аудио телефонски уреди.
Согласно со потребите на АРМ, на Генераштабот и на ресорното министерство дел од новата телефонска опрема ќе биде за заштитена телефонска мрежа, а дел за некласифицирана телефонска мрежа.
Вкупната вредност на целата набавка на телефонските централи за потребите на армијата и министерството за одбрана надминува 1,5 милиони евра со вклучен ДДВ.
Комплетната опрема за телефонска мрежа е од глобално познатиот производител – американската корпорација „Циско системи“. Ова е очекувано и затоа што Македонија е дел од НАТО пактот па опремата за овој ресор треба да ги исплнува страндардите пропишани од безбедносната организација.
Од телефоните на „Циско“ кои се најголема ставка во набавката дел ќе бидат со видео и аудио врска, а дел само со аудио врска. Вкупно ќе бидат набавени 2.000 телефонски апарати за потребите на министерството и армијата. Од нив 200 телефони се со видео и аудио врска и тие чинт вкупно 100.000 евра. Другите 1.800 телефони од овој модел https://www.cisco.com/c/en/us/products/collaboration-endpoints/unified-ip-phone-7841/index.html се само со аудио фиксни телефони и нивната вредност е 413.000 евра.
Фирмата што е носител на групната набавка за потребите на армијата лани годината ја завршила со приходи од 1,65 милиони евра. „Телелинк Бизнис сервисис“ лани вработувала 10 лица и годинаа ја завршила со загуба од 188.000 евра.
Оваа скопска фирма е во сопственост на бугарското акционерско друштво „Телелинк Бизнис сервисис груп“ со седиште во Софија.foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања





