Amazon потроши 13,7 милијарди долари за продавниците на Whole Foods
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2017
Онлајн гигантот за продажба Amazon реши дека му се потребни и традиционални физички продавници па затоа потроши неверојатни 13,7 милијарди долари за откуп на компанијата Whole Foods која има голем број на „дуќани“ низа САД каде се продава здрава храна.
Зделката треба да се комплетира во втората половина на годинава, а шефот на Whole Foods Џон Маки се очекува да остане на функцијата. Whole Foods брендот се прочу како место каде се продава храна без никакви адитиви, бои, хемикалии и вештачки додатоци.
Комбинирањето со услугите на Amazon ќе овозможи полесен пристап на корисниците кои сакаат да купуваат директно во супер маркет, a Amazon ќе има и голем дистрибутивен синџир за испорака на производите кои се нудат на нивните сајтови.