20 Октомври, 2024
0.0524

Амбасадата на САД се дистанцира од договорот со Бехтел и Енка

Објавено во: Економија 20 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Амбасадата на САД тврди дека нема нејзина вмешаност во постигнувањето на договорот помеѓу Владата и турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д. Во одговор до телевизијата „Алфа“, од амбасадата велат дека „Бехтел“ не е ентитет на американската влада и дека тие не се дел ниту од преговорите, ниту имаат некаква улога во условите од договорот.

„’Бехтел’ не е ентитет на американската влада и ова не беше договор на американската влада. Иако Амбасадата на САД не е вклучена во одредувањето на исходот од приватните инвестиции, поттикнувањето на економскиот развој и комерцијалното партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија останува една од примарните мисии на Амбасадата. Амбасадата понекогаш служи како советодавен капацитет за деловната клима во Северна Македонија за американските компании кои сакаат да се прошират овде, но не презема никаква улога во преговорите или диктира услови за каков било договор. Прашањата за преговарачкиот процес и резултатите треба да се упатат до преговарачките страни“, велат од амбасадата за „Алфа“.

„Бехтел“ инаку е најголемата американска градежна компанија, а на церемонијата за поставување камен-темелник на делницата од Коридорот 8, присутна беше и амбасадорката на САД, Анџела Агелер. 


Можеби ќе ве интересира

ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ГЕРМАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ - авиопревозниците бараат укинување на данокот на авионскиот превоз за да го поевтинат летањето

ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ГЕРМАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ - авиопревозниците бараат укинување на данокот на авионскиот превоз за да го поевтинат летањето

ОВА Е БЕЛГРАДСКАТА ОПШТИНА СО НАЈЕВТИН КВАДРАТ - има станови по 1.020 евра за квадрат, а од центарот е одвоена помалку од еден час возење

ОВА Е БЕЛГРАДСКАТА ОПШТИНА СО НАЈЕВТИН КВАДРАТ - има станови по 1.020 евра за квадрат, а од центарот е одвоена помалку од еден час возење

ГАЗДИ ИМ ЗАБРАНУВАЛЕ НА РАБОТНИЦИТЕ СИНДИКАЛНО ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ - ако продолжат, синдикатите ќе им протестираат пред компаниите

ГАЗДИ ИМ ЗАБРАНУВАЛЕ НА РАБОТНИЦИТЕ СИНДИКАЛНО ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ - ако продолжат, синдикатите ќе им протестираат пред компаниите

ОВА СЕ ТОП ПЕТТЕ НАЈДОВЕРЛИВИ ГЕРМАНСКИ АВТОМОБИЛИ - поминуваат милион километри без проблем, имаат ниски трошоци, ретко се расипуваат

ОВА СЕ ТОП ПЕТТЕ НАЈДОВЕРЛИВИ ГЕРМАНСКИ АВТОМОБИЛИ - поминуваат милион километри без проблем, имаат ниски трошоци, ретко се расипуваат

КОЈА Е ТАЈНАТА НА УСПЕХОТ НА ЗАРА - еве како успеа двојно да ги зголеми приходите во однос на главниот ривал

КОЈА Е ТАЈНАТА НА УСПЕХОТ НА ЗАРА - еве како успеа двојно да ги зголеми приходите во однос на главниот ривал

ВО ЛИДЛ ХРВАТСКА ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИ ДЕЛИКАТЕСИ - еве што можеше да се добие и по кои цени

ВО ЛИДЛ ХРВАТСКА ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИ ДЕЛИКАТЕСИ - еве што можеше да се добие и по кои цени

WIZZ AIR ГИ ШИРИ КАПАЦИТЕТИТЕ ВО РЕГИОНОТ, НО СКОПЈЕ И БЕЛГРАД СЕ ГУБИТНИЦИ - еве кои се добитниците

WIZZ AIR ГИ ШИРИ КАПАЦИТЕТИТЕ ВО РЕГИОНОТ, НО СКОПЈЕ И БЕЛГРАД СЕ ГУБИТНИЦИ - еве кои се добитниците

ОВОЈ УРЕД ВИ ЈА „ЈАДЕ“ СТРУЈАТА ВО ДОМОТ - кога треба да се вклучи за да се намалат сметките

ОВОЈ УРЕД ВИ ЈА „ЈАДЕ“ СТРУЈАТА ВО ДОМОТ - кога треба да се вклучи за да се намалат сметките

СЕ ПРОДАДОА ПО 48 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „ГЕРАС ЦУНЕВ КОНФЕКЦИЈА“ И „ГЕРАС ЦУНЕВ ТРГОВИЈА“- што се случи со акциите на Трајче Заев?

СЕ ПРОДАДОА ПО 48 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „ГЕРАС ЦУНЕВ КОНФЕКЦИЈА“ И „ГЕРАС ЦУНЕВ ТРГОВИЈА“- што се случи со акциите на Трајче Заев?