АмЧам: Како да се подобри соработката меѓу странските инвеститори и домашните компании?
Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2014 10:21
АмЧам Македонија организираше информативна сесија на која претставници на Џонсон Мети, ЕВН Македонија и Ван Хол им ги презентираа можностите за соработка на локалните снабдувачи, но и воспоставените клучни процедури и стандарди при процесот на набавка. За време на настанот се осврнаа и на предизвиците и бариерите со кои се соочуваат при соработката со локалните снабдувачи.
Создавањето на база од локални снабдувачи, кои можат да ги исполнат барањата на странските компании кои функционираат во земјата и кои исполнуваат меѓународни стандарди, е еден од факторите кои влијаат на одлуката дали една странска компанија ќе инвестира во одредена земја, како и нивната конкурентност на таа локација. Колку е поголема соработката, толку ќе биде поголемо влијанието на инвестицијата врз подобрувањето на економијата, унапредувањето на стандардите и зголемувањето на конкурентноста на локалните снабдувачи.
Професионалците за набавки од трите компании најпрво нагласија дека веќе имаат остварено взаемно корисна соработка со стотици локални снабдувачи. Понатака тие ги наведоа добрата и услугите кои нивните компании моментално ги набавуваат локално, но и оние кои би сакале да можат да ги набават локално по глобално конкурентна цена, квалитет и период на испорака.
Презентерите исто така посочија, дека досега недостатокот на меѓународни стандарди за квалитет и заштита при работа, како и нетранспарентното работење и непочитувањето на строго одредени процедури се главните предизвици и бариери со кои се соочуваат при соработката со локалните снабдувачи. Одржувањето на континуирано еднаков квалитет на испораките/изведбите и конзистентност и одржливост на пазарот на локални снабдувачи се дел од предизвиците со кои тие се соочуваат.
Сите презентери нагласија дека исполнувањето на превземените обврски претставува силна референца која овозможува квалификација на овие компании во нивните локални организации што значи можност за продажба и во другите компании од истата групација низ светот. Досега имале неколку вакви успешни приказни.
На присутните им беше презентирана и интернет страната за набавки на ЕВН (http://www.evn.mk/Za-nas/Procurement.aspx) креирана за да ја поттикне соработката со локалните компании.
Имајќи предвид дека генерално локалната деловна заедница не е добро запознаена со посебните царински процедури кои треба да се запазат при соработката со компаниите кои се наоѓаат во технолошко индустриските зони, АмЧам Македонија покани и претставник од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони подетално да ги објасни. Присутните претставници од деловната заедница изразија загриженост дека процедурите се непотребно комплексни, обесхрабрувајќи одредени локални снабдувачи, па дури и правејќи ги неконкурентни во споредба со снабдувачи од други земји.
АмЧам Македонија во изминативе 14 години работи на промоција на глобалната конкурентност на македонската економија преку настани и поддршка, како и преку имплементирање на најдобри практики. Меѓу 100 организации-членки се наоѓаат најнапредните, професионални и прогресивни организации кои функционираат во државата моментално.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




