19 Декември, 2025
0.1344

АМЕРИКА НА ПРВО МЕСТО: Oдредени типови оружје Украина нема да ги добие

Објавено во: Свет 02 Јули, 2025 17:02

Добивај вести на Viber

Американската администрација ја запре испораката на одредени типови оружје за Украина, откако Пентагон заклучил дека залихите на САД за критични системи се „опасно намалени“. Тоа предизвика загриженост во Киев и меѓу западните сојузници во услови на засилена руска офанзива.

Одлуката, објавена на 1 јули, се однесува на системи кои не можат лесно да се произведат во краток рок и кои, според интерната процена на Пентагон, мора да бидат резервирани за потребите на самата американска војска.

Одредени видови муниција ги вети администрацијата на екс американскиот претседател Џо Бајден за Украина. Паузата во испораките ја одразува новата поставеност на приоритетите под раководство на претседателот Доналд Трамп и следува откако службениците од Министерството за одбрана ја анализираа моменталната состојба со американските залихи и изразија загриженост.

„Оваа одлука е донесена за да се стават интересите на Америка на прво место, по ревизија на воената поддршка и помош што САД ја даваат на други земји низ светот. Силата на американските вооружени сили е неспорна – прашајте го само Иран“, изјави портпаролката на Белата куќа, Ана Кели. 

Но, Киев соопшти дека ова само ќе ја охрабри Русија да продолжи да напаѓа. Русија е задоволна и вели дека колку помалку оружје добива Киев, толку поблиску е крајот. 

Германската влада издвои средства за производство на повеќе од 500 дронови Ан-196 Лиути, наменети за напади со долг дострел врз Русија. Ова е прв договор на Германија за украински беспилотни летала со долг дострел.

Руската инвазија на Украина почна пред три и пол години. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт