20 Декември, 2025
0.0514

Америка планира да ги укине визите

Објавено во: Свет 19 Февруари, 2013 11:22

Добивај вести на Viber

Американскиот конгрес повторно ќе расправа за предлог законот со кој треба да се поедноставни процедурата за воспоставување безвизен режим за патување на странски државјани. Ваквата програма главно треба да се однесува на европските држави и сојузниците на САД, со која жителите на тие земји ќе можат да престојуваат во САД дали за туристички или бизнис цели, 90 дена, а притоа да не мораат да чекаат американска виза. Предлог-законот досега повеќе пати бил поднесуван од страна на неколку конгресмени и сенатори кои се посветени на неговото усвојување и добива силна поддршка во Конгресот, но не може да ја помине целта, понекогаш поради неговото поврзување со други законски решенија. Сенаторите Барбара Микулски од Мериленд и Марк Кирк од Илиноис и конгресмените Мајк Квигли и Арон Шок беа повторно поднесители на ваквиот предлог на почетокот на февруари. Европските држави кои се изоставени од визното олеснување, во прв ред Полска, но и држави како Бразил, силно лобираат кај конгресмените кои имаат значителни гласачки тела од овие држави, за усвојувањето на законот. -Модернизирањето на програмата а висно олеснување ќе ја засили нашата национална безбедност, ќе обезбеди туристички приходи и ќе ги засили нашите односи со важни сојузници како што е Полска, која беше исклучена од досегашната програма за визно олеснување поради нејзината застарена структура“, изјави конгресменот Квигли при поднесувањето на предлог законот.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја