Америка повеќе не е рај за пензионерите
Објавено во: Стил 18 Февруари, 2013 18:00
Мнозинството Американци кои заминуваат во пензија ќе живеат полошо отколку нивните родители, бидејќи помина епохата на богати и задоволни пензионери во водечката светска економија, пишува „Вашингтон пост“. Според весникот, финансиска криза уништи околу 40% од богатството на жителите на САД.
Приходите на капиталот сега се еднакви на нула, а во САД постои огромен дефицит во пензиските фоднови од 6,6 билиони долари, пишува весникот повикувајќи се на анализа на американскиот Сенат.
Според анализата, 53% од Американците постари од 30 години изразуваат стравување за идниот пензионерски живот. Таквите на почетокот на минатата деценија изнесува значително помалку или 38%, а во 1989 година само 30%.
Во САД живеат повеќе од 310 милиони луѓе, но процентот на постари лица е се поголем, бидејќи наталитетот не расте со потребната брзина, па заради актуелната криза се поголем број пензионери од државата бараат да им ја зголеми помошта на најзагрозените луѓе, а во рамки на претходно одобрената федерална програма.
Во администрацијата на Барак Обама, но и во Конгресот, нема многу разбирање за ваквите барања бидејќи, наведува „Вашингтон пост“, политичарите се плашат од натамошен раст на и онака огромниот државен долг - поголем од 16 билиони долари, што, пак, е еднакво на вредноста на едногодишниот бруто домашен производ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





