Американски компании ќе бараат работници од странство
Објавено во: Свет 31 Март, 2013 10:49
Американски компании во блиска иднина ќе може да добијат можност за повикување на работа дополнителна работна сила од странство. Тоа се предвидува во договор постигнат од водечки бизнис структури во САД, објави Вашингтон пост.
Според извори на кои се повикува весникот, станува збор за нова визна програма одобрена од бизнис структури во САД и во првата година од применуавњето на програмата, се предвидува одобренија за работа во САД за 20.000 луѓе.
Се претпоставува дека таа цифра до 2020 година ќе се зголеми на 75.000 годишно.
Ќе се издаваат дозволи за работа не само за висококвалификувани лица туку и на неквалификувани работници. Посредник во преговорите била група американски сенатори од двете партии.
Се очекува наскоро таа програма да биде разгледана во Сенатот во рамки на закони поврзани со имиграциски реформи.
Документот предвидува американско државјанство за илегални имигранти кои се со таков статус повеќе од 13 години, зголемување на бројот на работните визи за висококвалификувани лица како и укинување на некои категории од т.н. семејни визи со кои се овозможува роднини на граѓани во САД да поднесат барање за американски пасош.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




