Американскиот сон каков што го замислуваме ние, не постои: Македонецот Никола Тефов за животот во САД

Објавено во: Стил 14 Септември, 2022
Никола Тефов веќе неколку години живее и твори во Америка. Изреволтиран од политичките случувања во државата, решил да замине и да почне сам, од нула, живот далеку од семејството, пријателите, татковината. И додека тој имигрира во САД, неговото семејство истото го прави, но во Велика Британија.
Никола живее во Њу Џерси, тој е уметник . Таму ја работи работата од соништата, онаа која во Македонија му била оневозможена, се занимава со музика, претприемништво, продукција и маркетинг.
Тефов во Америка е сопственик на маркетинг-консултантска компанија а за неговата приказна читате во редовите подолу.
*Родени сте во Неготино, кога и зошто заминавте од Македонија?
-Точно така Неготино е мојот роден град, мислам дека беше 2016-та година кога првпат дојдов во САД. Бев скоро пола година во САД, па повторно се вратив Македонија, но како што сите се сеќаваме тие две, три години беа доста стресни за Македонија. Од протестите, политичките конфликти, кривичното осудување и затварање на артисти и жители кои што само го користеле правото за слободен говор, се до инцидентот во парламент.
Поради овие настани беше мојата најголема причина за да одлучам и да најдам начин како да се преселам во САД. Најмногу за мојата сигурност и безбедност, и можност за стабилна иднина. За остварувањето на моите цели и соништа не се двоумам каде и да сум со доволно труд се би можел да постигнам.
Дополнително што ми ја направи полесна одлуката е тоа што не бев задоволен од тогашните прилики и можности што ни беа пружени на сите нас, посебно на уметниците.
На врвот на сите нешта, лошото лидерство на нашата држава ми ја зацврсти мојата одлука, и гледајќи што сé случува во последните шест-седум години ме доведе до реализација дека ја донесов правилната одлука.
Додека јас имигрирав во САД, мојата фамилија во истиот период имигрираше во Велика Британија. Возбуден сум дека за брзо време после повеќе од пет години ќе се видам повторно со моите родители и постар брат.
Можеби ќе ве интересира
Емоции на сите страни: Дечињата од „Светот на Колорес“ со звршна приредба

ФАНТАСТИЧЕН ГЛАС, ИЗВАЈАНИ НОЗЕ, НО И ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ СО СОПРУГОТ АЈК - светот се сеќава на рокенрол дамата Тина Тарнер

РОК КРАЛИЦАТА ПОЧИНА НА 84 ГОДИШНА ВОЗРАСТ - збогум за легендарната Тина Тарнер
