АМОНИЈАКОТ ДЕЛУВА БРЗО И РАЗОРНО: Српски токсиколог објасни што се случило во Топола
Објавено во: Балкан 02 Мај, 2025 21:23
Во Србија, во Топола, четири луѓе загинаа, а еден е тешко повреден откако се обиделе да спасат маж кој паднал во септичка јама. Трагедијата се случила поради задушување од гасови, најверојатно амонијак.
Токсикологот Радомир Ковачевиќ за Euronews Србија објасни како се случуваат вакви немили настани.
„Ова е класичен пример на акутна интоксикација со гас во затворен простор“, вели Ковачевиќ.
Објаснува дека првиот човек кој паднал во јамата најверојатно веднаш вдишал висока концентрација на отровни гасови и изгубил свест. Останатите, во обид да го спасат, несвесно влегле во истата смртоносна атмосфера, што довело до задушување.
„Тоа веќе не се тие импровизирани јами. Денес тие се армирани, херметички затворени бетонски базени. Кога ќе се отвори таква јама, доаѓа до ненадејна емисија на гасови – амонијак, метан, јаглерод моноксид, азот и сулфурни соединенија”, објаснува тој.
Амонијакот и сличните гасови делуваат брзо и разорно.
„Тие влегуваат преку респираторниот систем, кој има површина од 100 до 200 метри квадратни. Тоа се белите дробови, органот кој најбрзо ги апсорбира гасовите. Отровот стигнува до крвотокот за неколку секунди, а потоа до мозокот, срцето и црниот дроб“, вели Ковачевиќ.
Ова води до респираторен застој, губење на свеста и срцев удар – сето тоа во рок од неколку минути.
„Во овие услови терапијата е речиси невозможна бидејќи телото не може доволно брзо да се справи со отровот. Тоа е акутна, брза и многу сериозна интоксикација“, предупредува тој.
Природната човечка реакција да се помогне во овој сличај беше фатална.
„Нашиот инстинкт, алтруизмот е тој што нè принудува да помогнеме. Но, без заштитна опрема, тоа значи директна изложеност на смртоносни гасови“, вели Ковачевиќ.
Тој додава дека сличен инцидент е забележан и во неговиот роден град Александровац кога три лица загинале обидувајќи се да спасат едно.
„Реакцијата е брза, а исходот трагичен. Првиот паѓа, вториот го следи, третиот се обидува да го извлече. Ако нема вентилација, никој нема шанса“, посочува тој.
Пред сè, неопходно е технички правилно да се дизајнираат јами за отпад и да се обезбеди нивно безбедно користење.
„Мора да има механички системи за евакуација – потопни пумпи, цевководи, вентилација. Влегувањето во такви простори мора да биде последно средство и со соодветна заштитна опрема и детектори за гас“, вели токсикологот.
Ковачевиќ предупредува дека многу објекти не се изградени согласно безбедносните стандарди.
„Доколку животните умрат и се остават во јама доаѓа до распаѓање и испуштање гасови. Без техничка контрола и безбедносна проценка, ваквите несреќи се само прашање на време“, додава токсикологот.
Општината Топола прогласи тридневна жалост.Семејството Јокиќ изгуби три генерации во еден ден.
фото nova.rs
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција





