02 Мај, 2024
0.0238

Анализа: Цената на златото стабилна

Објавено во: Анализа 17 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Во соработка со FXLider за денес Ви припремивме анализа за Злато. Анализата се состои од финдаментални и технички аспекти за овој инструмент.

Фундаментална Анализа за Злато:

Цената на златото продолжува стабилно да се движи со малку нагорен тренд во пресрет на состанокот на Федералните резерви оваа недела. Според аналитичарите не се очекуваат значителни промени во цената пред состанокот додека инвеститорите внимателно чекаат сигнали за идната насока на монетарната политика на Федерални резерви. За време на азиското тргување цената се зголеми за 0,05%.

Техничка Анализа за Злато:

На едночасовниот графикон  MACD е во зоната на прекумерно купување, додека RSI има надолен тренд. Цената ја проби средната Bollinger линија, така што можен е и  понатамошен пад на цената. Нашата препорака би била продажна позиција.

Наше видување: Продажна позиција со влез на 1388.00, со прва цел на 1385.50 и втора цел на 1382.00.

Алтернативно сценарио: Доколку цената се искачи над 1389.00, тогаш е можен и понатамошен раст до 1393.00.

Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок.

Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider  кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се EUR/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.