19 Декември, 2025
0.0492

АНАЛИЗА: Младите на удар на невработеноста!

Објавено во: Економија 05 Март, 2016 08:24

Добивај вести на Viber

Повеќе од 48 отсто од невработените се млади луѓе, од 15 до 24 години.  Токму кај оваа возрасна категорија на граѓани сите релевантни домашни статистики мерат најдлабока стапка на невработеност. Во обид да обезбедат егзистенција, но и да добијат шанса за кариера и напредок, младото работоспособно население посегнува по иселување, барајќи ја својата шанса надвор од земјава. Додека Македонија се соочува со “белата чума“, властите преку различни пакет на мерки во изминатиот период се обидуваат да стимулираат нови вработувања, со особен таргет кај младите кои се без работа. Истражувањето со наслов “Субвенционирано вработување на невработени млади лица до 29 години преку ослободување од придонеси“ на “Financethink“ преку компаративна анализа го скенира пазарот на труд но и  ефектите од мерките за вработување, што значат тие за вработените, за државата и за компаниите. Невработеноста  ги иселува младите... Државната статистика ја објави досега историски најниската стапка на невработеност од 25,5% во третиот економски квартал од 2015 година. Иако располагаат со различни податоци, Заводот за статистика и Агенцијата за вработување, сепак во изминатите шест години регистрираа ист тренд –вработеноста се зголемува а невработеноста се намалува. Сепак, она што и натаму обесхрабрува и се смета дека алармантно е сеуште длабоката невработеност на младите луѓе. На крајот од септември, лани според податоците на статистиката, дури 48,2% од невработените се лица од 15 до 24 години, со удел од 23,8 следуваат оние на возраст од 25 до 49 години и 22,1 отсто се невработени со 50 до 64 години, покажува Анлизата со наслов “ Субвенционирано вработување на невработени млади лица до 29 години преку ослободување од придонеси“ на ““Financethink““. Токму длабоката стапка на невработеност е една од клучните причини зошто младото работоспособно население решението за егзистенција го бара напуштајќи ја Македонија, оценува истражувачкиот тим на оваа анализа. “Посебно се неповолни показателите за степенот на невработеност кај младите луѓе до 29 години (се работи за возраст непосредно после оформувањето на формалното образование). Невработеноста на овие години претставува една од главните причина за заминување на младите луѓе во странство. Мотивот е јасен - се бара вработување. Вработувањето на младите луѓе во татковината ќе го намали трен-дот на иселување, но исто така ќе влијае позитивно и на повеќе сегменти од општествено-еко-номскиот живот во државата“, се нотира во анализата. Проблемот со невработеноста кај младата поулација го покажуваат и мерењата на Агенцијата за вработување. Така, на крајот од ноември 2015 година, вкупниот број на невработени изнесувал 115 784 луѓе а од нив, руди една четвртина или 28 589 биле лица до 29 години. Истражувањето покажува дека во период од шест години ( од 2009 до 2014 година) заедно со третиот квартал од 2015 година, е регистрирано намалување на стапката на невработеност кај сите возрасни категории на луѓе. Сепак, според истражувањето кај првата категорија луѓе од 15 до 24 години се забележува одреден раст на невработнеоста, регистриран во 2014 година. Untitled “Најголема невработеност има кај младата популација на возраст од 15-24 години. Во ана-лизираниот период од 4 години, трендот на намалување на невработеноста кај оваа група не е конзистентен, имено после двогодишен пад, во 2014 година невработеноста кај оваа возрасна популација расте. Подобра е ситуацијата со невработеноста кај младите на возраст од 25-29 години. Кај оваа група, после стагнацијата во 2012 година, се реализира тренд на намалување на невработеноста. Ако се споредат овие две групи (до 24 и до 29 години), може да се извлече заклучок дека во подобра ситуација се наоѓаат младите на возраст од 25 до 29 години“- се наведува во анализата“. Истражувањето “Субвенционирано вработување на невработени млади лица до 29 години преку ослободување од придонеси“, повикувајќи се на информации добиен преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, открива дека  бројот на невработени млади лица до 29 години на 14.01.2016 година изнесувал 28 080 лица, од нив  13 007 се жени, а 15 073 лица се мажи. Вработување на повеќе од 11 000 млади лица – оправдана мерка или маркетинг Преку законски измени, а со таргетирани категории на граѓани Владата во изминатите години промовираше различни мерки преку кои со државна помош се стимулираа нови работни места. Основата на овие политики е вградена во Оперативниот план за вработување кој годинава тежи 11,5 милиони евра и треба да опфати 13 500 луѓе. Една од таргетираните категории на невравработени граѓани се и младите до 29 години за кои е предвидена мерка за вработување преку ослободување од социјални придонеси. “Според Оперативниот план на МТСП, индивидуални корисници на мерката би биле 5000 млади невработени лица од евиденцијата на активни баратели на работа на АВРМ.  Потребните средства за реализација на мерката изнесуваат  околу 4,76 милиони евра од Буџетот на РМ“- се вели во анализата на ““Financethink“ Иако овој модел на субвенционирање на вработувања до 29 години, се предвидуваше да трае до март годинава, сепак Владата одлучи да ја продолжи важноста на мерката, иако за ова сеуште не е создадена законска основа. Според новите очекувања,  преку овој модел годинава треба да се вработат три илјади лица од 15 до 29 години за што е обезбеден буџет од 2 милиони евра. “Вкупниот ефект од мерката до нејзиното завршување би бил 13 861 нови субвенционирани  вработувања на млади лица до 29 години“, пресметале авторите на истражувањето. Наспроти овие податоци, во кои е вклучена и проекцијата за годинава, до сега  со мерката  се вработиле 11 261 лице, од нив 5 310 се жени и 5.951 се мажи. Untitled22 Истражувањето обелоденува дека вработувањата се реализирале во 5 307 компании, од кои дури 84% биле фирми со помалку од 10 вработени. Од друга страна, повикувајќи се на неофицијални информации од АВРМ, авторите на истражувањето укажуваат на тоа дека  2.397  млади лица го изгубиле стекнатото право на ослободување од различни причини. Што значи оваа мерка за државата, приватниот сектор и за вработените. Колку таа ги чини сите кои седел од ланецот, а каков крајниот ефект врз вкупната економија. Наодите од кост-бенефит анализата  ’Субвенционирано вработување на невработени млади лица до 29 години преку ослободување од придонеси“ ќе бидат објавени во утрешниот аналитичен текст, заедно со ставовите на креаторите на ова ново истражување. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба