Анализа за EUR/USD
Објавено во: Анализа 21 Јуни, 2013 10:30
Во соработка со FXLider за денес Ви припремивме анализа за валутниот пар EUR/USD . Анализата се состои од финдаментални и технички аспекти за овој валутен пар.
Фундаментална Анализа за EUR/USD:
После вчерашниот голем пад на еврото во однос на доларот во текот на азиското тргување еврото влегло во корекција и раст од 0.18% Откако е вчера објавено дека индексот на производните активности во Филаделфија остварил најголем раст од април 2011 година,доларот нагло скокнал,па како резултат на вака добрите резултати,можностите да Фед наскоро ја прекине програмата за монетарно стимулирање се уште поголеми. Инвеститорите на глобално ниво се преориентирале на вложување во американската валута,напуштајќи ги ризичните финансиски инструменти како што се акции и роба. Во Европа,индексот на менаџерите за набавка во производството во Германија опаднал под очекувањата на економистите и се задржал во зоната на контракција. На ниво на евро зоната овој индекс остварил раст но недоволен да излезе од зоната на намалувањето и покрај тоа што ги надминал очекувањата на економистите.
Техничка Анализа за EUR/USD:
На едночасовниот графикон MACD е во фаза на прекумерна продажба додека RSI осцилира со движечкиот просек.Цената осцилира измеѓу средната и горната Bollinger линија така да е можен раст на истата.Наша препорака би била куповна позиција
Наше видување: Куповна позиција со влез на 1.32190, со прва цел на 1.32390 и втора на 1.32600.
Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1.32090 тогаш е можен понатамошен пад на 1.31800.
Тренд: Осцилирање на краток рок,бочно движење на долг рок.
Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се GBP/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





