05 Декември, 2025
0.0346

Анализа за валутниот пар EUR/USD

Објавено во: Анализа 07 Јуни, 2013 09:15

Добивај вести на Viber

Во соработка со FXLider за денес Ви припремивме анализа за валутниот пар EUR/USD . Анализата се состои од финдаментални и технички аспекти за овој валутен пар. Фундаментална Анализа за EUR/USD: Еврото го достигна тринеделниот максимум во однос на американскиот доларот во текот на вчерашниот ден откако Европската централна банка одлучи да ги задржи каматните стапки на рекордно ниско ниво од 0,5%. Валутниот пар EUR / USD беше поддржан откако ги зголеми прогнозите претседателот на ЕЦБ Марио Драги за економскиот раст во еврозоната во 2014 година, додека на друга страна недоволно добриот резултат од пазарот на трудот во САД негативно влијание врз американската валута. За време на азиското тргување еврото продолжи со умерен раст со постигнување минимален раст од 0,7% во однос на доларот. Техничка Анализа за EUR/USD: На едночасовниот графикон, на MACD е во фазана прекумерна куповна позиција како и RSI. Откако цена ја проби горната Bollinger линија цената почна да осцилира, така да е можно продолжување на осцилирањето. Нашата препорака би била куповна позиција. Наше видување: Куповна позиција со влез на 1.32450, со прва цел на 1.32650 и втора цел на 1,32850. Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1.32350, тогаш е можен понатамошен пад до 1.32150. Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок. Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider  кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се GBP/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени