Анализата на снимката од егзекуцијата покажа: Џихади Џон има двојник
Објавено во: Свет 25 Ноември, 2014 18:40
Новата анализа на снимката од егзекуцијата на американскиот хуманитарец Питер Абдул Рахман Касиг покажала дека егзекуторот на Исламската држава, познат како Џихади Џон, има двојник и дека Касинг можеби се тепал со крвниците.
Аналитичарите тврдат дека зголемената снимка од егзекуцијата покажува дека Касинг имал голема модрица над левото око.
Подемот на Исламската држава
Анализата исто така покажува дека во убиството на Касинг и низа сириски владини должници и пилоти учествувале 22 егзекутори, а не 18. На мислењето дека Џихади Џон има двојник упатува тоа што на снимката е снимен уште еден маскиран маж. На сите други им се гледа лице. Снимката е долга, а најголемиот дел го објаснува подемот на Исламската држава.
Професионална монтажа
Наводно е снимена во Дабик, местото каде според сунитските записи ќе дојде до битка на исламот и непријателите. Некои кадри се уфрлени и изгледа дека делот во кој Џихади Џон ја држи главата на Касиг е снимен на друго место и потоа е монтиран на позадината. Можно е и снимките да се обработени и состевени во филм во професионално студио во странство. Програмот во кој е направен филмот е многу скап, наведуваат аналитичари.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




