23 Декември, 2024
0.0364

АНКЕТА: ГТЦ ќе се реконструира, но ќе го задржи сегашниот лик!

Објавено во: Македонија 03 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ изгледа има широка поддршка од жителите во Центар. Вчера на прес - конференција, од иницијативата рекоа дека според истражувањето на јавното мислење, дури 86,2% од граѓаните ја поддржуваат иницијативата „Го сакам ГТЦ“, додека 32,5% од жителите на скопски Центар во изминативе две години учествувале на барем една активност или кампања, како што е гушкањето на ГТЦ, потпишувањето петиција или протестирањето. Во анкетното истражување биле вклучени 600 испитаници, и најголем дел од нив 82,1 %, рекле дека ГТЦ мора да се реконструира но да го задржи сегашниот лик. Инаку прашање со слична анкета постави и Фактор, лани, и резултатите се речиси идентични. Градскиот трговски центар во Скопје треба да се реконструира но да го задржи сегашниот архитектонски изглед, вака се изјаснија над 82 отсто од читателите на анкетата што ја спроведе порталот Фактор меѓу своите читатели. Само 18 отсто од читателите сметаат дека ГТЦ треба да се реконструира и да добие целосно нов лик во барокен стил. Според дел од архитектите ваквиот став на читателите бил очекуван. -Анкетата ми делува логична и очекувана. Не знам зошто некој би посакал да слуша градежна механизација во наредните 24 месеци! За изгледот на „новиот ГТЦ“ воопшто и не мислам ништо. Во периодот на 2006 година администрацијата на ГТЦ распиша меѓународен архитектонски конкурс (кој беше логично распишан) и на кој беа пријавени 20-25 труда, а голем дел од нив беа со квалитетни решенија. Имаше однапред објавена комисија (онака како што се прави во целиот свет) составена од релевентни архитекти. Истата додели три награди, ми се чини и две специјални признанија. Мислам дека тие решенија се можеби најрелевантниот одговор  на тоа како треба да изгледа Градскиот Трговски Центар, а патем да не биде нарушена неговата основна функција, изјави тогаш за Фактор архитектот Дејан Ивановски. Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија тогаш рекоа дека анкетата покажува дека граѓаните знаат да препознаат вистински вредности.   Новата анкета направена врз примерок од 600 испитаници, пак покажува дека со сигурност ГТЦ ќе остане со сегашниот изглед.  

Можеби ќе ве интересира

„НАМЕСТО 'СОЖИВОТ' НА ГРАЃАНИТЕ НА ОВА ОПШТЕСТВО ИМ ТРЕБА СУШТИНА“: директорот Џафероски со остра забелешка за животот во Македонија

„НАМЕСТО 'СОЖИВОТ' НА ГРАЃАНИТЕ НА ОВА ОПШТЕСТВО ИМ ТРЕБА СУШТИНА“: директорот Џафероски со остра забелешка за животот во Македонија

ВО ДУИ СЕ ВОЗНЕМИРИЈА ОД ОЛИГАРСИТЕ, ПРАШУВААТ КОИ ОД НИВ ГИ ШТИТИ ОВАА ВЛАДА - деолигархизација била неопходна за демократизација во државата

ВО ДУИ СЕ ВОЗНЕМИРИЈА ОД ОЛИГАРСИТЕ, ПРАШУВААТ КОИ ОД НИВ ГИ ШТИТИ ОВАА ВЛАДА - деолигархизација била неопходна за демократизација во државата

„КЛАНОТ МЕМЕДИ ГИ ИГНОРИРА ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ“: Левица бара Таравари да го разреши директорот на Детска клиника

„КЛАНОТ МЕМЕДИ ГИ ИГНОРИРА ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ“: Левица бара Таравари да го разреши директорот на Детска клиника

ТРАГЕДИИТЕ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ПРОДОЛЖУВААТ, А ИЗВЕШТАИТЕ СÈ УШТЕ СЕ ПИШУВААТ: Кога ќе се делува, ќе има ли одговорност?

ТРАГЕДИИТЕ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ПРОДОЛЖУВААТ, А ИЗВЕШТАИТЕ СÈ УШТЕ СЕ ПИШУВААТ: Кога ќе се делува, ќе има ли одговорност?

ВНИМАВАЈТЕ СО ПЕТАРДИТЕ: Какви штети предизвикуваат за воздухот, здравјето на луѓето и на животните?

ВНИМАВАЈТЕ СО ПЕТАРДИТЕ: Какви штети предизвикуваат за воздухот, здравјето на луѓето и на животните?

ДЛАБОК И МНОГУ ЛАДЕН СРЕДОЗЕМЕН ЦИКЛОН ВО МАКЕДОНИЈА - се најавуваат нови обилни врнежи од снег

ДЛАБОК И МНОГУ ЛАДЕН СРЕДОЗЕМЕН ЦИКЛОН ВО МАКЕДОНИЈА - се најавуваат нови обилни врнежи од снег

ТОШКОВСКИ ЗА ГРУБИ: Бегалец од правдата

ТОШКОВСКИ ЗА ГРУБИ: Бегалец од правдата

ХЕРОИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА КОИ ПИШУВА ЦЕЛ БАЛКАН: За Златко и Владимир само пофални зборови во медиумите од регионот

ХЕРОИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА КОИ ПИШУВА ЦЕЛ БАЛКАН: За Златко и Владимир само пофални зборови во медиумите од регионот

ГАЛИЧНИК ОТСЕЧЕН ПОРАДИ СНЕГОТ: Сопствениците на 230 куќи не можат да пристапат, патот не е исчистен!

ГАЛИЧНИК ОТСЕЧЕН ПОРАДИ СНЕГОТ: Сопствениците на 230 куќи не можат да пристапат, патот не е исчистен!