19 Декември, 2025
0.0387

Анета Димовска Симеска: Дојави за ограничено точење гориво од Скопје, Битола и Тетово

Објавено во: Економија 04 Март, 2022 09:37

Добивај вести на Viber

Анета Димовска Симеска, директорката на Државниот пазарен инспекторат, брифира дека во текот на вчерашниот ден биле примени дојави за ограничување на точење гориво на две бензиски станици во Скопје и по една во околината на Битола и тетово.

„Морам да укажам дека беше нереален напливот можеби од стравот дека трговците ќе ги истрошат залихите многу побргу. Имавме дојава за бензински пумпи, две во Скопје, една во Тетово и Битола, немавме прецизно, околината , но со излегувањето на терен тоа се надмина.

Ние ги посетивме сите бензински пумпи каде што беше пријавено за нечесно однесување согласно законот за потрошувачи. Казната е 4.000 евра, за правното лице и околу 1.200 евра за одговорното лице“, рече Димовска Симеска во утринската емисија на Телма.

Таа додаде дека утрово инспекторите се повторно на терен. Директорката на ДПИ додаде дека засега ниоту една членка-превозник на МАКАМ-ТРАНС што се пожалила до асоцијацијата дека над 100 литри се барало доплата од 4 денари по литар, не се јавил во инспекторатот.

„До овој момент немаме доставено таква пријава од Асоцијацијата, доколку биде доставена, ДПИ веднаш ќе излезе на терен

Во поглед на констатираните наоди, доколку во моментот затекнеме ситуација на одреден потрошувач во даден момент да му се утврди попреченост, во тој момент ќе се утврди состојбата, тоа е целата суштина. 

На самото место се утврдува нерегуларниот однос кон потрошувачот, но на терен немавме лица со таква преставка“, наведе првиот човек на ДПИ.

Димовска Симеска рече дека акцијата започнала по 15.00 часот, кога биле добиени првите телефопнски јавувања, како и повикот од Регулаторната комисија за енергетика.

- Граѓаните кога ќе се јават мора да ни потврдат на самото место дека биле оштетени, наведе Димовска Симеска.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии