09 Јануари, 2025
0.0274

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, гостин е Ангел Анѓушев, машински инженер и оперативен директор на фабриката „Грин машинс“ во „Брако“, првиот производител на електрични возила за чистење улици во светот. Ангел Анѓушев е претставник на помладата генерација бизнисмени и вели дека генерацијата на неговите родители е веќе на залез и дека тие треба да преземат поголема одговорност кога станува збор за бизнисот.

Во разговорот со Ангел Анѓушев фокусот е ставен на зелената агенда, но и на преструктуирањето на производството во компаниите за да се добијат нови производи и услуги со додадена вредност, кон кои со години цели Стопанската комора.

„Ако сакаме во Македонија да создадеме некаков просперитет, ако сакаме да создадеме подобри услови за вработените за да имаат повисоки примања и да има поголеми профити, мора да правиме производи и услуги со додадена вредност. Веќе е поминато времето во кое Македонија била дестинација за евтина работна рака и во кое можело да се произведе нешто што е поевтино отколку на друго место“, истакнува Анѓушев.

„За да се постигне зелена транзиција, треба да се инвестира во технологијата која ќе може конвенционалната технологија да ја замени на начин на кој на сите потрошувачи ќе им биде исто, па дури и подобро“, потенцира Анѓушев, па затоа, според него, електричните возила на „Грин машинс“ треба да бидат поисплатливи за купувачот од конвенционалните машини, бидејќи имаат помали трошоци за користење и помали трошоци за одржување. 

Ангел Анѓушев се образувал на Универзитетот за применети науки во Ахен, Германија, и на Универзитетот за технологија во Виена, Австрија. По дипломирањето се приклучил кон семејниот бизнис, каде што својата кариера ја започнал како инженер за производство во Одделот за жичани производи во „Брако“ (дел од групацијата „Фероинвест“) и бил одговорен за инсталација, стартување и за операција на нова линија за производство на поцинкувана жица. Од 2021 година е главен оперативен директор на „Грин машинс“.

Иако се образувал надвор од земјава, тој истакнува дека образованието не завршува кога ќе се добие дипломата, туку, напротив, тоа е само почетокот кога всушност започнува вистинското учење. Анѓушев е одговорен за широк опсег на операции во „Грин машинс“ – од менаџирање со производството, набавката, со развојот, логистиката, инвестициите и со човечките ресурси до техничката поддршка.

Во разговорот со претседателот Азески истакнува дека денес треба да се прават производи со висока технологија, кои ќе имаат додадена вредност и кои светот ќе ги  купува за повисока цена, со што ќе се остварат повисок профит за компанијата, повисоки плати за вработените и плаќање даноци на државата.

Доколку една компанија не држи чекор со современите текови и со конкуренцијата од целиот свет, прашање на време е кога ќе умре, па затоа за нас е важно да бидеме најмалку еден чекор пред конкуренцијата. ’Грин машинс’ е првиот производител во светот што произведе возило на хидроген“, вели Анѓушев.

Целиот разговор на линкот подолу.

https://youtu.be/fg0aezZ556Y?si=-RTvSj5am_3RJVeO


Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА НА БРАЗИЛ ПОТВРДИ: БРИКС има нова членка

ВЛАДАТА НА БРАЗИЛ ПОТВРДИ: БРИКС има нова членка

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20 отсто од акциите на оваа железарска компанија!

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20 отсто од акциите на оваа железарска компанија!

Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење

Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА - интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА - интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

Тони Стојановски: Во 2025 очекуваме натамошен раст на кредитната и на депозитната активност на НЛБ Банка како кај населението така и кај компаниите

Тони Стојановски: Во 2025 очекуваме натамошен раст на кредитната и на депозитната активност на НЛБ Банка како кај населението така и кај компаниите

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Се повеќе фирми размислуваат да отпуштаат работници

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Се повеќе фирми размислуваат да отпуштаат работници

ЕСМ најде привремена замена за „Марковски Компани“ во РЕК Битола

ЕСМ најде привремена замена за „Марковски Компани“ во РЕК Битола

Бизнисменот Јанакиевски го продаде својот удел од „златната кокошка“ за медицински отпад

Бизнисменот Јанакиевски го продаде својот удел од „златната кокошка“ за медицински отпад