19 Декември, 2025
0.0936

Ангеловска: Сите понуди за „Купи куќа, купи стан“ на едно место во Скопје Сити Мол

Објавено во: Економија 03 Декември, 2019 11:13

Добивај вести на Viber

За три дена во Скопје Сити Мол ќе има саем за „Купи куќа, купи стан“ на кој што граѓаните ќе може да се информираат за субвенциите што ги нуди државата и за понудите од градежните компании и на банките на едно место, објави Нина Ангеловска, министерката за финансии.

- Ќе има и преставници од Министерството за финансии за да им помогнат на заинтересираните да го решат своето станбено прашање. Од јуни проектот има значително ппдоброени услови. Каматната стапка од првите три години на ратата е намалена на 2,9 проценти, додека на 3,9 отсто за четвртата и петата година. Се зголемува и субвенционираното учество од 50 на 70 проценти и има поволности за младите до 35 години, рече Ангеловска.

Таа додаде дека до сега во 2019 има вкупно 97 апликации одобрени, вкупната сума на кредити е 3,6 милиони евра, од кои со 1,1 милион учествува државата.

- За периодот септември октомври у ноември 61 кредит е одобрен. Од интересот за 2019 одобрени се 71 за станови, 26 за куќи од кои сите се за млади до 35 години. До крајот на годината одобрени се очекува да бидат вкупно 150 кредити. Има поголеми поволности и интересот се зголемува, додаде Ангеловска.

Таа рече дека 125 милиони денари се планирани во 2020 за овој проект, а според пресметките на министерката, ако еден стан на крајот чини 50.000 евра, држава во таа сума учествува со 12, 5 илјади евра.

- Каматните стапки се во слободен пад, банките даваат поволни каматни стапки, овој проект влијаеше за поповолни услови и за сите останати граѓани Тековниот проект ќе продолжи и во предизборниот период, секако со позитивно мислење од Антикорупциската комисија, изјави Ангеловска.



Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии