15 Декември, 2025
0.0348

АНЃУШЕВ: ИМАМЕ РЕШЕНИЕ ЗА ВИШОКОТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА - СМАРТ БАТЕРИСКИ СИСТЕМ ЗА СКЛАДИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ НА СТРУЈАТА

Објавено во: Мои пари 20 Јули, 2024 11:12

Добивај вести на Viber

Групацијата Феро Инвест извади на пазарот интегрирано решение за проблемот со вишокот електрична енергија од обновливи извори, а тоа се ,,батериски системи со интерактивен софтвер за паметно складирање и управување со енергијата”.

Софтверското решението на Феро Инвест, кое е сопствено дело на инженерите на компанијата и е развивано по последните две години, во моментот претставува единствен модел за справување со вишокот енергија од обновливи извори, и може да се примени на домаќинства, објекти од индустријата и електрани од обновливи извори.

Фотонапонските панели поставени на објектот се поврзува со батерии и заедно се врзани за ПЛЦ управување, а по барање на клиентот може да бидат поврзани и за центарот за мониторинг на Феро Инвест.

Решението обезбедува енергетски независност на објектот, односно во услови на поволно сончево зрачење, произведената електрична енергија веднаш се користи за неопходните потреби, а вишокот оди во батериите. Попладне и ноќе, кога нема сонце, а кога цените на струјата се далеку повисоки, се користи складираната енергија од батериите, со што се прават огромни заштеди. Пресметките покажуваат дека со инсталација на еден батериски систем, домаќинствата и малите бизниси може да ги намалат своите сметки за електрична енергија и до 98%. Корисникот има панел на кој постојано ја следи потрошувачката на енергија, залихата во батеријата, влечењето енергија од мрежа и неговата сопствената заштеда. Феро Инвест обезбедува и мониторирање и одржување на системот, за безгрижна енергетска независност на клиентот, по принципот ,,имајте струја и кога никој друг нема”.

Освен батериски системи за домаќинства и мали бизниси, Феро Инвест започнува и со инсталација на батериски системи за големи производни капацитети, кои веќе имаат инсталирано фотоволтаични електрани на нивните кровови, а и таму позитивниот ефект е фасцинантен.

„Фабриките кои веќе имаат инсталирано фотоволтаични електрани, особено во летниот период, ќе имаат огромен бенефит од батериски системи. Имено, во дневниот период кога има вишоци на електрична енергија поради големиот број на фотоволтаици и кога цените се ниски, фабриките може да ја набавуваат струјата по берзански цени, а во попладневните часови, кога цените се и до 20 пати повисоки, може да ја користат енергијата од своите батериит и на тој начин да направат одлични заштеди. Ги охрабрувам сите фабрики кои имаат инсталирано фотоволтаици на нивните кровови да инвестираат во батерискисте системи, а инвестициите ќе им се вратат во период од 6-8 години, потоа практично ќе имаат бесплатна струја над 10 години“, објави сопственикот и извршен директор на групацијата Феро Инвест, проф. д-р Кочо Анѓушев, пред бисмисмените во Стопанската комора на настанот „Соларна енергија за бизнисите“, во организација на Европската инвестициска банка.

При дискусијата беше потенцирана потребата државата што побрзо законски да го уреди прашањето за поставување батериски системи за електрани.

На настанот во Стопанската комора беше презентирана и кредитната линија на Европската инвестициска банка ЕИБ7 со која се стимулираат инвестиции во обновливи извори на енергија и намалување на јаглеродниот отпечаток, а настанот пробуди огромен интерес на присутните над 70 претставници на мали и средни претријатија, членки на Стопанската комора. Кредитната линија на ЕИБ предвидува кредити со поволни каматни стапки, а ќе се имплементира преку Развојната банка на Северна Македонија и комерцијалните банки во земјата.

Пр Објава

Можеби ќе ве интересира

ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ: Еве како да ја негувате кожата и зглобовите

ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ: Еве како да ја негувате кожата и зглобовите

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство