19 Декември, 2025
0.0398

Анѓушев: Оданочувањето на каматите да, за дивидендите одложување

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2019 18:05

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека каматите на штедните влогови  треба да се даночат, а оданочувањето на дивидендите од акциите да се пролонгира за неопределено време, бидејќи како што вели тој, берзата е се уште млада.

Според Анѓушев, треба да се остави простор таа да се развива. Законски предвидено е ваквото оданочување да стартува на почетокот на следната година, но ова значи дека втората мерка ќе треба да се пролонгира.

- Мислам дека треба овие две работи да се раздвојат. За депозитите и за каматите мислам дека треба да се даночат, а капиталните добивки да се стимулираат. Сите држави кои што биле во таа фаза на развој на берзата го направиле тоа, рече денеска Анѓушев пред медиумите.

Министерката за финансии Нина Ангеловска пред некоклу дена изјави дека  по барање на Комисијата за хартии од вредност и Македонска берзата се разгледува опцијата плаќањето данок на  остварената добивка од дивиденда како и на каматите кои граѓаните ги добиваат од заштедите во банките, да биде одложено.

Оваа мерка  беше донесена во 2018 година од поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски, а граѓниите треба да  плаќаат данок од 15 отсто за дивиденди и заштеди во банки ако нивната камата годишно надмине 15 илјади денари.



Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?