19 Декември, 2025
0.1929

„Анима мунди“ реагира на најавите за казни: Кучињата доживуваат стрес од маските

Објавено во: Економија 01 Август, 2014 13:13

Добивај вести на Viber

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ реагира на најавите на општина Аеродром дека од понеделник општинските служби имполицијата ќе казнуваат парично за шетање на кучињата без заштитни маски. Според Здружението, казните од 100 до 400 евра кои се најавуваат се неосновани и дискриминирачки и бара да се отповика ваквата мерка. Од „Анима мунди“ сметаат дека станува збор за „приморување на сопствениците на миленици да на своите мирни, дружељубиви и неагресивни животни им ставаат заштитни маски при секое шетање, или да ги носат секогаш и секаде на поводник без исклучок додека шетаат“. „Кој и малку ја познава природата на животните знае дека маските на животните им пречат на начин на кој иста таква маска би му пречела и на човек, како и дека е речиси неизводливо куче, кое има 5, 6 или 10 години и никогаш не носело маска, наеднаш на неа да се навикне и да ја прифати. Таков процес е насилен кон животните и животните го доживуваат како казна. На куче кое нема навика да носи маска, секое излегување на улица би му било само стрес. Носењето маски не треба да важи за сите животни, туку за оние кои се со непредвидлив карактер – секако сопственикот е тој кој го познава и проценува својот миленик и одговара за секоја потенцијална штета предизвикана врз друго лице или друго животно“, велат од Здружението. Според активистите, во Европа на секој агол постојат огромни шеталишта и игралишта за животни, големи површини со бројни реквизити во кои уживаат и животните и нивните сопственици, па затоа бараат казните да важат само доколку на сопствениците на домашни миленици им се овозможат вакви услови и простор каде што можат да ги шетаат животните. „До тогаш бараме да овие казни се проценат како ирационални, дискриминирачки, бараме да се отповикаат и ја нудиме и понатаму нашата помош за едукација на населението што ќе подразбира промовирање на грижа во однос на безбедноста на луѓето и животните, кревање на хигиенските стандарди и одлагање на измет од милениците, шетање на поводник, стерилизација и вдомување наместо купување на животни“, велат од „Анима мунди“, од каде бараат општината во соработка со матичната полициска станица да покаже интерес за евидентирање, сузбивање и казна на сите случаи на расфрлање отрови во општина Аеродром.  

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии