Анѓушев: Да се регулира производството на струја, за да не дојде до штети
Објавено во: Економија 17 Февруари, 2023 12:54
Големата инсталирана моќност на електрани од обновливи извори на енергија во текот на минатата година, а особено на фотоволтаични електрани, сега може да предизвика штета на преносниот систем и мрежа во Македонија.
Токму поради тоа, денеска имаше состанок помеѓу Кочо Анѓушев, како претседател на енергетската асоцијација, со министерот за економија Крешник Бектеши и претставници на ЕВН, МЕПСО и на Регулаторната комисија за енергетика.
Анѓушев побара да биде законски регулирана струјата што се произведува од многуте фотонапонски централи кои се градат и допрва ќе се градат, со складирање на електричната енергија во таканаречени „сториџи“.
- Енергетската транзиција ако не се направи како што треба, ќе настане поголема штета отколку корист. За да не направиме проблем - бидејќи сите фотоволтаици произведуваат 80 отсто во исто време, не смееме во тој период да има големи вишоци со илјадници мегавати, бидејќи нема да се знае што да се прави со таква енергија.
Ако веќе се оди на толку голем број прокети, тогаш единственото решение е таа енергија да се складира. Затоа таканаречените „сториџ“ системи, или батериски системи, треба да се опфатат во легислативата во нашата држава, рече Анѓушев.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




