18 Декември, 2025
0.1457

„Анонимен“ бизнисмен од Василево преку инвеститори од Тирана сака да купи фабрика од Владата

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2025 12:37

Добивај вести на Viber

„Анонимниот“ бизнисмен од струмичко Василево, Ѓорге Трајанов, од Владата како сопственик сака да ја преземе Фабриката за шински возила Велес преку план за реорганизација поднесен до велешкиот суд. Планот за реорганизација и подмирување на доверителите е поднесен на 15 јануари, а рочиштето на кое ќе се одлучува дали тој ќе биде прифатен е закажано на 19 март.

За овој бизнисмен е познато единствено дека минатата година во јуни својата фирма од Василево - „Стар Фоод“ ја преименувал во „Стар Раил Транспорт&Логистицс“. При тоа избришани се подружниците за трговија и формирани се три нови - една за производство на локомотиви и шини, втора за изградба на железници и трета за патен и товарен железнички транспорт. 

Во ноември 2024, нов содружник во Стар Раил Транспорт&Логистицс на Трајанов станува „Трени Балцани Оццидентали“, компанија формирана во 2023 во Тирана која сега има своја истоимена фирма со седиште во Василево. Покрај релативно анонимните сопственици од Тирана, во оваа компанија косопственик е Ситав С.П.А, позната компанија од Италија за одржување и реконструкција на брзи возови и локомотиви. Токму „Трени Балцани Оццидентали“ е единствениот заинтересиран купувач на велешката фабрика чиј единствен сопственик е Владата.

Претходните влади со години префрлаа финансиска помош и бараа разни начини како да се продаде фабриката позната уште и под името „Колска“, која според податоците на Централен регистар во 2023 имала приходи од 40 милиони денари, загуба од 1,36 милиони денари и 61 регистриран работник. Основната главнина се вреднува на повеќе од 5 милиони евра.

Велешкиот суд на 21 јануари го прифатил предлогот за реорганизација на должникот. Управителот Стефан Амбарков е назначен од Влада со задолжување да ја отвори и заокружи предстечајната и стечајна постапка во фабриката..

Како што претходно објавија локалните велешки медиуми, Трајанов рекол дека нуди подмирување на обврските кон доверителите во висина од еден милион евра, поточно кон Управата за јавни приходи за неплатените придонеси на работниците, како најголем доверител , на три рати, заклучно со 31 декември 2027 година, како и кон поситни доверители, задржување на работа на 50-те работници со ветување за зголемување на бројот од најмалку 100 работници поради потребите на инвестицијата што планира да ја вложи од вкупно 10 милиони евра со намена за отворање на нов погон за производство на делови од „механика на возови“. Во Планот што Трајанов го понудил е напишано дека ја превзема и обврската за обештетување на пензионерите и понудил висина и динамика на планирани инвестиции.

„Колска“ е единствената фарбика во Македонија која работи на поправка и одржување на патничките и товарните вагони. Меѓу поголемите доверители се Управата за јавни приходи (УЈП) и велешкото јавно комунално претпријатие (ЈКП) „Дервен“. Фабриката е во долгови кон повеќе доверители, па подолго време има блокирана сметка.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје