30 Ноември, 2024
0.0328

АНТИВИРУСНИОТ ЛЕК ПАКСЛОВИД СТИГНА ВО СОСЕДСТВОТО: Србија е првата земја во континентална Европа која го доби лекот на Фајзер

Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Првиот контигент од антивирусниот лек Paxlovid на Фајзер, еден од најмодерните лекови против корона вирусот, пристигна во Србија. Србија е првата земја во континентална Европа која го доби овој лек (го има само уште во Велика Британија), десет дена откако ЕМА (Европска агенција за лекови) одобри употреба и на овој лек.

Комисија на Министерството за здравство со која претседава проф. Д-р Горан Стевановиќ, директор на Клиниката за инфективни болести, направи дистрибутивен лист врз основа на кој лекот ќе се дистрибуира меѓу здравствените установи.

Паксловид е антивирусен лек кој содржи две компоненти ритонавир и нирматрелвир и е наменет за орална употреба. Индициран е за третман на инфекција со КОВИД-19, кај возрасни на кои не им е потребен дополнителен кислород и кои имаат зголемен ризик од прогресија во тешка форма на болеста. Се препорачува да се започне со употреба на лекот во првите пет дена по почетокот на симптомите.

На крајот на минатата година, Србија беше меѓу првите, заедно со Соединетите Американски Држави и Велика Британија, што потпишаа договор со претставниците на Pfizer за набавка на најдобриот лек против коронавирусот, кој го намалува ризикот од хоспитализација и тешки болести до до 89 проценти.

Министерот за здравство на Србија, д-р Златибор Лончар, сепак истакна дека вакцината останува основно оружје во борбата против вирусот, а дека лекот Паксловид е дополнителен напор на државата за зачувување на здравјето на граѓаните.

-Ние не се бориме некој да се разболи и да се лекува, туку се бориме тоа воопшто да не се случи, затоа луѓето треба да се вакцинираат и да не стигнат до фаза да мораат да користат каков било лек. Ова е дел од нашата одговорност како држава и успехот на државата што го ветивме и што го исполнуваме, рече Лончар.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СТАСА И ДО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Наголемо се пишува што се случуваше синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме

УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СТАСА И ДО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Наголемо се пишува што се случуваше синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме

СНЕГ ЈА ЗАВЕА СРБИЈА: Вклучени се метео алармите

СНЕГ ЈА ЗАВЕА СРБИЈА: Вклучени се метео алармите

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби