НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби
Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2024 15:14
Непознати лица ја нападнаа полициската станица во Звечан, на Косово, каде се фрлени две рачни бомби.
Во експлозијата нема повредени, информира Еуроњус Србија.
„Околу 23 часот и 55 минути е пријавено дека непознати лица фрлиле две рачни бомби во дворот на полициската станица, каде освен материјална штета нема повредени. Случајот е во истрага“, се наведува во полициското соопштение.
Обвинителот нареди случајот да се поведе како „предизвикување општа опасност“.
„Косовската полиција силно ги осудува овие опасни напади и апелира до граѓаните да соработуваат со властите за да помогнат во идентификувањето на сторителите на овој напад. Секоја информација што може да помогне во истрагата може да се пријави на полициските броеви или преку сигурни линии за известување“, стои во соопштението.
На Косово често има инциденти.Можеби ќе ве интересира
„ГО ЧЕКАМ ВУЧИЌ ПРЕД СОБРАНИЕТО“: Мајката што трајкува со глад во Србија, му се обрати на српскиот претседател
Атина сака „вертикален коридор“: Грција сака да стане главна влезна точка за американскиот гас во Југоисточна Европа
(ВИДЕО) „БЕЗ ХРАНА, БЕЗ ВОДА И ЕДЕН ТОАЛЕТ!“ Агонијата на Србите на овој премин, заглавени на средина десет часа: „Полошо е од затвор“
ТЕНЗИИ ВО ЗАГРЕБ: Околу 50 маскирани лица се собраа пред Српскиот културен центар
Захарова ги искара Србите, тие ја потсетија дека само Србија не воведе санкции за Русија
(ВИДЕО) МАЛОЛЕТНИЦИ УКРАЛЕ АВТОБУС ВО ХРВАТСКА: Потоа го возеле без светла
Обдукцијата покажа од што починале лицата во Домот за стари во Тузла
Вучиќ и Вулин се скараа со Радев околу „српски“ и „бугарски свет“
„ИЗВЕШТАЈОТ Е ВАШЕ ВИДУВАЊЕ, НЕ ОГЛЕДАЛО“: Вучиќ кон евроамбасадорот - „Не се грижете, ми завршува мандатот“





