28 Ноември, 2024
0.1935

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

На овогодинешните настани за вработување Живот и работа во Словенија“ кои ќе се одржат од 2 до 4 декември, во Скопје, Штип и Прилеп, ќе ни се претстават 22 компании и јавни институции од Словенија кои заедно вработуваат преку 17,000 работници. Дел од нив ќе ги  претставиме тука, односно ќе можете да прочитате за какви компании станува збор и какви кадри им се потребни. Тие доаѓаат, со цел да обезбедат веродостојни и сеопфатни информации за условите за вработување коишто ги нудат и да овозможат директно да ги контактирате, со можност и да се вработите кај нив.

Една од компаниите која доаѓа на настаните е „Arriva D.O.O. од Крањ ие една од најголемите автобуски компании во Словенија, која обезбедува превоз на патници во линиски и градски сообраќај. Arriva во Словенија вработува повеќе од 1000 луѓе, кои управуваат со над 600 возила. Компанијата е активна во речиси сите поголеми градови во Словенија кои ги поврзува. На своите вработени им обезбедуваат безбедна и мотивирачкаработна средина, со соодветни награди за работењето и пакет на плати кои се едни од најдобрите во областа на автобускиот превоз. Секој нововработен добива и бонус при вработувањето. Кадри кои се бараат во моментов се возачи на автобуси.

Реномираната производствена компанија Перутнина Птуј ДОО нуди вработување за: работник во производство, процесен оператор, оператор во производство и ноќен чистач.Таа е една одводечките производители на месо и производи од живина во Словенија и земјите од Југоисточна Европа, со вкупно над 5000 вработени. Присутна е во 7 земји со 14 производствени капацитети и 3 трговски компании. Таа е дел од групацијата MXП, една од водечките меѓународни групи во прехранбената индустрија и производството на живинско месо во Европа.Оттука, компанијата обезбедува работни услови по врвни стандарди, и се грижи за образованието и професионалниот развој на своите вработени, за кои сметаат дека се клучот за успехот на секое претпријатие. Во таа насока, ја споменуваат и својата програма за здрав начин на живот и соодветно усогласувањена работните и семејните обврски.

Во последно време, компанијата ги зголемила платите и исплатила натпросечен регрес. Како резултат на успешниот раст, бараат нови соработници на сите нивоа, кои покрај основните плати се наградуваат по систем на ПП ѕвезди за  исклучителни придонеси и постигнувања на вработените.

Од областа на угостителството и туризмот ни доаѓаат од ТЕРМЕ ОЛИМИА ДД еден од водечките словенечки велнес и спа центри. Компанијата е позната по висококвалитетни услуги, пријатна средина и комплетна понуда, што привлекува гости како од Словенија, така и од странство. Во компанијата работат повеќе од 300 луѓе од различни земји, што придонесува за богата културна разноликост. Терме Олимија ги поттикнува своите вработени на личен и професионален развој, им нуди бројни поволности и организира настани за зајакнување на добрата работна атмосфера.  Моментално имаат потреба од готвач, одржувач, собар-чистач, рецепционер, келнер, мијач на садови, и помошник во кујна.

Покрај приватните компании, вработување нудат и здравствените институции како што е Zdravstveni dom dr. Adolfa Drolca Maribor и Онколошкиот институт во Љубљана.

Здравствениот дом д-р Адолф Дролц Марибор е вториот најголем здравствен дом во Словенија, за примарна и секундарна здравствена заштита. Во рамките на установата функционираат 7 организациони единици: Општа здравствена заштита; Итна медицинска помош; Медицина на трудот, транспортот и спортот; Стоматолошка заштита; Заштита на деца и млади; Заштита на жени; и Патронажна заштита.

Установата се грижи за постојан професионален развој, подобрување на здравствените услуги, пристапност и реактивност, како и оптимизација на работните обврски на вработените, развој на дигитализацијата, меѓу-институционално решавање на здравствените предизвици и обезбедување соодветна инфраструктура.

Тековно имаат потреба од матичен лекар, специјалист педијатар, заболекар, специјалист по ортодонција, лекар по медицина на труд и спорт и негувател.

Онколошкиот институт Љубљана, во својата преку 85-годишна историја, стана водечка установа во Словенија во областа на онкологијата. Институтот е посветен на квалитетот, извонредноста и сеопфатниот пристап кон секој пациент. Здравствените тимови, составени од искусни експерти од различни области и профили, се стремат да обезбедат врвна мултидисциплинарна здравствена грижа и да им пружат поддршка на пациентите во секој чекор од нивниот третман.

Институтот нуди пријатна работна средина, полна со предизвици, заемна помош и поддршка, здрав баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, можности за образование, помош при наоѓање сместување, организирање и покривање на трошоците за курс по словенечки јазик, како и уредување на нострификација на потврдите за образование на сопствен трошок.

Тие бараат мотивирани поединци кои веруваат во важноста на стручноста, извонредноста и поддршката во здравствената грижа на онколошките пациенти. Тековно имаат потреба од медицинска сестра со средно образование, дипломирана медицинска сестра, лекар по патологија, и лекар по цитопатологија.

Настаните „Живот и работа во Словенија“  се во организација на Заводот за вработување на Р. Словенија и ќе се одржат од 10 до 17 часот во Скопје - 02.12.2024, во хотел „Даблтри бај Хилтон Скопје“, во Штип - 03.12.2024, во х. „Оаза“ и во Прилеп - 04.12.2024, во хотел „Кристал Палас“. Ќе присуствуваат реномирани и успешни фирми, кои ќе понудат работни места за најразлични профили на работници, меѓу кои и за ниско и за високо квалификувани кадри. Сѐ што треба да направите е да дојдете и да поразговарате, а претходно можете да се информирате на веб страницата zivotirabotavoslovenija.mkза сите работни места кои се нудат. Работодавците можете и самите да ги контактирате, доколку не сте во можност да дојдете, на контактите и линковите кои се наоѓаат на веб страницата. 

ПР Објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад