Антонио Милошоски десет дена ќе биде во самоизолација
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Јуни, 2020
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ оди во самоизолација, затоа што неговата мајка е заразена со коронавирусот.
Тој ова вчера го соопшти на Фејсбук.
„Драги пријатели, мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на Ковид-19. Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6-ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево. Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци“, напиша Милошоски.
Тој се чувствува добро и засега немал никакви симптоми.
Милошоски е кандидат за пратник на листата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори.
Пред неколку дена беше соопштено дека мајката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е позитивна на коронавирусот, но тој кажа дека немал контакт со неа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.