19 Мај, 2024
0.0343

Апасиев обвинет од истакнат член на Левица дека соработува со ВМРО-ДПМНЕ и се сретнал со Мицкоски

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Здравко Савески, истакнат член на Левица, го обвини Димитар Апасиев дека сакал да ја сврти партијата како сателит на ВМРО-ДПМНЕ и дека се сретнал со нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. На ова еден од предводниците на движењето „Бојкотирам“ одговори дека е извршен неуспешен обид за пуч во Левица, Фб-пејџот и веб-страницата се хакирани, објави на неговиот личен фејсбук профил Димитар Апасиев.

„Апелираме до јавноста да не потпаѓа на лажните шпекулации кои деновиве, додека не ги повратиме овие канали на комуникација, ќе бидат пласирани од овие приврзоци на власта! Симптоматично е што секогаш кога има предизборен период има и обид за удбашки пуч во Левица!? Абе дечки, веќе сте прочитани и не сте интересни“, напиша Апасиев.

Откако органите на Левица му застанаа на патот на неговото самоволие, Димитар Апасиев изврши пуч во Левица, обвини Здравко Савески, член и функционер на Левица.

„Како Левица да е негова сопственост, (Апасиев) разреши половина состав на Централниот комитет и повеќе од половина состав од неговиот Президиум. Фактички, секој што му застана на патот на неговото самоволие го разреши. А се претставува како голем приврзаник на владеењето на правото. Да, кога му одговара се повикува. Кога правните норми се во спротивност со неговото самоволие – ги крши“, објави Савески на фејсбук.

Тој додаде дека Апасиев веќе подолго време е во контакт со ВМРО-ДПМНЕ и со неговото раководство.

„Оствари и средби со Христијан Мицковски. И очигледно работи на тоа од Левица да направи сателит-партија на ВМРО-ДПМНЕ, а за себе да си обезбеди пратеничко место преку листите на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори. Пред две години беше извршен обид за преземање на Левица од инсталации на СДСМ. Тој обид заврши со неуспех. Сега се прави обид за пуч во дослух со ВМРО-ДПМНЕ, извршен со веројатна цел Левица да ѝ даде легитимитет на наводно независната кандидатура за претседател на државата на Гордана Силјановска, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Савески.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична