20 Декември, 2025
0.0482

Апел на таткото на пилотот кој беше заробен од припадници на ИД

Објавено во: Свет 25 Декември, 2014 20:53

Добивај вести на Viber

Таткото на пилотот од Јордан Мааз ал – Касасбех кој припадниците на Исламската држава го заробија откако претходно успеаа да го соборат неговиот авион испратил апел за негово ослободување. Тој го опишал својот син како „гостин меѓу браќата во сириската Исламска држава“ и ги повикал нејзините „домаќини да го третираат добро“, пренесува „BBC“. Јордан рано денеска објави дека ќе ги вложи сите напори со цел да го спаси својот пилот кој беше заробен од групата Исламска држава во близина на градот Рака, во Сирија. Авионот „Ф – 16“ кој бил во мисија на коалицијата над Сирија, според тврдењата на ИД бил соборен од страна на нејзините припадници со противавионска ракета, додека Вашингтон ја негира ваквата информација, без притоа да наведе која е причината за падот на леталото. Со леталото пилотирал поручник од прва класа на јорданските воздухопловни сили, Мааз ал – Касасбех кој имал 26 години. Ова е првиот изгубен авион на меѓународната коалиција откако отпочнаа со воздушни напади врз позиции на Исламската држава во Сирија и прво заробувае на пилот кој учествувал во оваа мисија. Сунитските екстремисти од Исламската држава од овој немил настан се обидоа да направат огромна пропагандна победа, објавувајќи голем број фотографии со заробениот јордански пилот.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја