Аплауз за Златибор Лончар, се бара оставка од Филипче
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2021
Луѓето кои денеска протестираа пред Министерото за здравство, со аплауз го поздравија српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, затоа што Србија донираше 50.000 вакцини за нашата земја.
За нашиот министер за здравство, Венко Филипче рекоа дека е министер за провизии. Нагласија дека на секој еден час вчера починувале по двајца луѓе. Очекуваат дека и денес ќе има висока бројка на починати. Велат дека во соседството земји извезуваат вакцини, а ние немаме да го вакцинираме населението. Ги обвинија властите дека поради нивната неодговорност, Македонија коленичи за вакцини. Најавен е нов протест за идната сабота, иако постои ризик затоа што сме во време на пандемија. Со едноминутно молчење им беше оддадена почит на луѓето кои починаа од коронавирусот. Во земјата досега од коронавирусот починаа 3.860 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.