Апсења и строги контроли низ цела Европа поради отровни јајца
Објавено во: Економија 11 Август, 2017 11:20
Дваесет тони јајца загадени со инсектицидот „фипронил“ од Белгија се продадени во Данска, соопшти националната служба за безбедност на храна.
– Данската фирма Данаег продактс добила вкупно 20 тони јајца од белгиски извозник. Јајцата биле продадени претежно на кефеани, кафетерии и кетеринг фирми и најверојатно не биле продавани во големи количини на трговци на мало, соопшти службата.
Од почетокот на месецов јајца со хемикалијата финпронил се најдени во Белгија, Холандија, Германија, Велика Британија, Луксембург, Франција, Швајцарија, Шведска , каде од продавниците се повлечени милиони јајца.
Портпаролката на Европската комисија Ана Итконен увери дека отровните јајца “се блокирани, а ситуацијата е под контрола”.
Од Агенцијата за храна стандарди (FSA) изјави дека е малку веројатно дека постои ризик за здравјето на луѓето. Сепак, производиге кои содржат јајца, вклучувајќи сендвичи и салати, беа повлечеби од супермаркетите.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




