Арапите испаднаа од играта, Кина се сврте кон Русите
Објавено во: Економија 24 Февруари, 2016 18:02
Изворот на руска нафта во Кина пораснал во јануари за 15 одсто бидејќи Кинезите во ист период го намалиле увозот од Саудиска Арабија.
Официјален Пекинг минатиот месец купил 3,36 милиони тони сирова нафта од Русија, што е 15 процентно зголемување во однос на истиот период лани, пренесува Раша тудеј.
Јануарскиот увоз на нафта од Саудиска Арабија е намален на 4,23 милиони тони од декемвриските 4,47 милиони тони, покажуваат податоците на кинеската царинска управа.
Кина исто така го намалила увозот на нафта од Ангола за 7,5 одсто (три милиони тони) во однос на истиот период лани, а од Казахстан за 15,7 одсто (354.000 тони).
Во изминативе години, руските произведувачи на нафта оствариле големи добивки на кинескиот пазар, а Русија, ја надминала Саудиска Арабија како најголем извозник на нафта во Кина.
Од 2010 година, Саудиска Арабија го зголемила извозот на нафта во Кина за околу 120 000 барели дневно, додека Русија успеала да го зголеми извозот за 550 000 барели дневно во истиот период. Една од клучните причини за тоа е, како што оценуваат аналитичарите, подготвеноста на Москва да го прифати кинескиот јуан како средство за плаќање.
Двете земји, исто така имаат програм на финансиска соработка, вклучувајќи го тригодишниот договор за размена на рубљата и јуанот, вреден преку 20 милијарди долари.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




