05 Јули, 2024
0.0337

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави кадровските решенија, се враќа и оградата

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

ВЛАДАТА ГИ ОБЈАВИ КАДРОВСКИТЕ РЕШЕНИЈА

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои одлука за укинување на економските директори на Клиниките и одлука за именување на раководни кадри на пет државни институции.

На позицијата ВД директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски. Димовски е доктор на науки, докторирал на тема „Улогата на странските директни инвестиции на перформансите на малите и средни претпријатија во Република Македонија”. Тој има долгогодишно работно искуство во институции и компании како што се ОБСЕ-ОДИХР, Министерство за транспорт и врски, Национален Парк „Маврово”, Совет за јавните набавки на Македонија, Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје, Пелагонија АД Гостивар, Министерство за финансии – Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП и МСИП2) финансиран од Светска Банка,  ЦРППР - Проект за стратешко планирање, истражување, развој на студии и креирање на пакет проекти за регионален развој на Полошкиот регион (iCARE) и Совет на Општина Гостивар.

„Димовски исто така има искуство во имплементација на инвестициски проекти финансирани од различни меѓународни финансиски институции како што се Светска Банка, Европската инвестициона банка, Банката за развој при Советот на Европа, Европската банка за реконструкција и развој и Германската развојна банка КфВ“, велат од Владата. 

Владата го назначи Александар Пандов за нов ВД директор на Управата за извршување на санкции. Пандов е дипломиран историчар на Институтот по историја на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Бил пратеник во македонското собрание од 1998 до 2002 година. Пандов има работно искуство во приватниот сектор.

Ќе се врати оградата пред владината зграда. Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена.

ПОВТОРНО ИМАШЕ НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ

Жената врз која падна дрво во Скопје не е во загрозувачка состојба. 

Жената на околу педесетина години врз која попладнево падна дрво кај „Европски универзитет“, не е во животозагрозувачка состојба, потврди за МИА, доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје.

„Наша екипа со помош на пожарникари ја извлекле. Таа немала надворешни видливи повреди. Се пожалила на болки во кичма и по телото, по што е однесена на опсервација на клиника. Треба да се направат снимки за да се види дали има некаква фрактура“, појасни тој за МИА.

ВИКТОР СТОЈАНОВ ОД БУГАРСКАТА ФОНДАЦИЈА МАКЕДОНИЈА МУ СЕ ЗАКАНИ НА ВИДИНОВСКИ

Претседателот на Бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов му се закани на новинарот Александар Видиновски за репортажа за Македонците во Албанија. 

Бидејќи Видиновски во својот прилог кажува дека таму нема Бугари, Стојанов директно му се заканува дека треба да престане да лаже и дека тоа е кривично дело за кое се оди во затвор.

НЕВРЕМЕ И ВО РЕГИОНОТ

Двајца луѓе загинаа во силното невреме во Црна Гора.

Поројниот дожд и ураганските ветрови откорнаа дрвја, а предизвикаа и сообраќаен хаос. Турски државјанин загина во Чањ при уривање на кран поради силното невреме. Едно лице загина од удар на гром во Луштица на теренот за голф Луштица Беј.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Лошо е што има загуба, но добро е барем кога има од каде да се покрива. А тоа ќе бидат акумулирани добивки од претходни години.

Мирослав Митровски, синот на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров - Сокол Митровски и претходно „отпишан“ како вовлечен во аферата „Делчевски ниви“ без обвинителска разрешница, е назначен за нов директор на универзалниот снабдувач и наплатувач на електрична енергија за домаќинствата на регулираниот пазар ЕВН Хоме.

ОКТА е без конкуренција „прва виолина во трговија на големо“, а во остра меѓусебна конкуренција се веле трговците од „новиот бран“ чии главни претставници се РКМ, „Супертрејд“ од Скопје, кавардаречка “Црна река петрол“ и виничкото чудо „Дади Оил“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот реагира дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи и бара ако имаат решенија да понудат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот реагира дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи и бара ако имаат решенија да понудат

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Не сум видела натпис во Грција со „Северна“

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Не сум видела натпис во Грција со „Северна“

ФИЛИПЧЕ МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА КИРО ГЛИГОРОВ: Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата

ФИЛИПЧЕ МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА КИРО ГЛИГОРОВ: Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата

ПРЕМИЕРОТ ПРАШУВА: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав?

ПРЕМИЕРОТ ПРАШУВА: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав?

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ КОНТРА МИЦКОСКИ: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ КОНТРА МИЦКОСКИ: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

ГЛАВЧЕВ: Шпекулативните хипотези за можно повторно отворање на преговарачката рамка се отфрлени од партнерите

ГЛАВЧЕВ: Шпекулативните хипотези за можно повторно отворање на преговарачката рамка се отфрлени од партнерите

МИЦКОСКИ ДО РАДЕВ: Сакам да ги следиме примерите на балтичките, скандинавските земји, но со навреди таа работа не бива

МИЦКОСКИ ДО РАДЕВ: Сакам да ги следиме примерите на балтичките, скандинавските земји, но со навреди таа работа не бива

Доктор Злате Мехмедовиќ нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација?

Доктор Злате Мехмедовиќ нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација?

ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ УПАТУВАЛ ЗАКАНИ КОН НОВИНАРКА - ОЈО со обвинение против 31-годишен жител на Грчец

ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ УПАТУВАЛ ЗАКАНИ КОН НОВИНАРКА - ОЈО со обвинение против 31-годишен жител на Грчец