РАДЕВ ДО МИЦКОСКИ: Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имлементира, a не да се ревидира
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2024 20:14
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека Договорот за добрососедство не може да се ревидира. Ова е одговор до македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
„Државниот врв на Република Северна Македонија има многу да научи. Ние сме подготвени да помогнеме и секогаш сме помагале на Република Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Сепак, овие процеси брзо ја оддалечуваат земјата од евроинтеграциите. Со тоа ги загрижуваат и Бугарија и Грција, бидејќи не можете да бидете членка на НАТО и да сакате да станете членка на ЕУ и да излезете со слични позиции, важно е Република Северна Македонија да се држи до својот европски пат“, вели бугарскиот претседател.
Рече дека државниот врв на Република Северна Македонија не е подготвен, а познавањето на меѓународното право е неопходно, што според него тука недостасува.
„Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имлементира од сите влади, а не да се ревидира“, кажал тој, пренесува бугарската државна агенција БТА.
Maкедонската претседателка Гордана Сиљановска - Давкова и премиерот Христијан Мицкоски се главна тема на разговорите меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и бугарскиот претседател Румен Радев во Атина.
Грчките медиуми јавуваат дека „провокативниот став и на претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска и на премиерот Христијан Мицкоски се очекува да бидат главна тема на средбата“.
Прекршување на Договорот од Преспа од страна на новото раководство на Македонија го испровоцира грчкиот премиер да изјави дека ако Скопје остане на таа позиција, тоа ќе значи откажување од европскиот курс, пишуваат грчките медиуми.
Од своја страна, Софија го обвинува Скопје за кршење на правата на бугарското малцинство.
Бугарското Министерство за надворешни работи во средата силно ја критикуваше новата влада на Македонија, нарекувајќи ги нејзините намери „неприфатливи“ поради одбивањето да ги почитува меѓународните обврски и договори. Острата реакција следува по изјавите на Мицкоски, што укажува на желба за повторно преговарање за преговарачката рамка со Бугарија, коментираат бугарските медиуми.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




