15 Декември, 2025
0.0373

Аргентина банкротира – вторпат за 13 години!

Објавено во: Свет 31 Јули, 2014 11:03

Добивај вести на Viber

Аргентинските власти не успеаја да се договорат со американските фондови за преструктурирање на долгот, што фактички значи банкрот на оваа земја. По средбата, министерот за економија на Аргентина Аксел Кисилоф рекол дека властите нема со„фондови-мршојадци“ да потпишуваат спогодби кои можат да ја загрозат иднината на Аргентинците. „Граѓаните можат да бидат мирни, бидејќи утре ќе биде обичен ден“, рече тој. Сепак, рејтинг агенцијата Стандард енд Пурс на аргентинските обврзници им додели рејтинг „селективен банкрот“. Фондовите Елиот кепитал менаџмент и Аурелиус кепитал менаџмент, кои побаруваат исплата на долговите, уште не го коментирале исходот од преговорите. Во 2001 година Аргентина веќе преживеа банкрот. Тогаш властите во земјата не беа во можност да отплатат долг од 95 милијарди долари. Буено Аирес договори преструктурирање, а според спогодбата кредиторите ги заменија старите обврзници со нови за 75-79 проценти од нивната вредност. Група инвеститори, меѓу кои и овие два фонда, не се согласија на таквите услови и поднесоа тужба. Во јули 2012 судот во САД пресуди дека Аргентина мора да плати 1,3 милијарди долари, колку што побаруваа фондовите кои не се согласија со реструктурирање. Но, аргентинските власти не сакаат да платат бидејќи стравуваат дека тоа ќе покрене лавина слични побарувања и од другите доверители, кои исто така не прифатија преструтурирање на долгот пред 10 години. Аргентинската економија, која се наоѓа во рецесија, страда од нестабилност на домашната валута и од екстремно висока инфлација, која по некои проценки достигнува 40%. Според експертите, банкротот ќе ја разниша довербата во економијата, што ќе доведе до уште поголем притисок врз националната валута и ќе предизвика дополнителна забрзана инфлација, ќе влијае на поскапување на увезената стока и ќе ја влоши ситуацијата со невработеноста. Освен, тоа, банкротот се очекува значително да ги намали девизните резефви на Аргентина, кои сега изнесуваат 29,7 милијарди долари и се меѓу најниските во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела