24 Мај, 2025
0.1606

АРГЕНТИНА, ЧИЛЕ, БУТАН: Koи земји би биле најбезбедни во случај на светска војна?

Објавено во: Свет 20 Април, 2025 15:40

Добивај вести на Viber

Британскиот „Дејли меил“ спроведе истражување и состави список на земји кои би можеле да претставуваат најбезбедни места за живеење во случај на глобален конфликт.

Заедничките карактеристики на тие држави се политичка неутралност, географска изолација, природни ресурси и способност за самоодржливост, особено во услови на глобална криза.

Меѓу земјите што се издвојуваат како безбедни, често се споменува Аргентина. Оваа јужноамериканска земја има изобилство од плодна земја и развиено земјоделство, особено производство на пченица, што би можело да стане клучно за опстанок во случај на глобален глад. Покрај тоа, Аргентина е географски оддалечена од повеќето конфликти во светот, а политичката ситуација, иако повремено нестабилна, е сè уште релативно мирна во споредба со многу други делови од светот.

Чиле, кој се протега по должината на повеќе од 6.000 километри од брегот на Пацификот, нуди слични предности. Неговата природна разновидност, земјоделскиот потенцијал, минералното богатство и технолошката инфраструктура го прават посакувана дестинација во случај на глобален хаос. Чиле се наоѓа далеку од главните воени центри во светот, што дополнително ја намалува можноста да стане цел.

Антарктикот – континент без постојано население, без армија и без политички интереси. Иако е исклучително недостапен и климатски екстремен, токму оваа изолација му дава предност во случај на светски конфликт. Малку е веројатно дека некој би имал интерес да нападне или освои замрзнат континент кој не е под никаква државна администрација.

Бутан – мало, мирно кралство кое со децении води изолирана и неутрална надворешна политика. Благодарение на својата планинска локација и филозофијата на ненасилство, Бутан често се наведува како можно безбедно засолниште за оние што бараат мир и безбедност. Уште подалеку, во средината на Тихиот Океан, се наоѓа Фиџи – островска нација на повеќе од 4.000 километри од најблискиот континент. Оваа екстремна изолација, заедно со воената неутралност и богатството од природни ресурси, го прави привлечно место за оние кои би барале бегство од урбаните и ризични средини во случај на војна.

Други безбедни држави што често се споменуваат се Гренланд и Исланд. Гренланд, иако под данска администрација, е политички неутрален и речиси ненаселен, додека Исланд е познат по својата долга традиција на мир, силни социјални институции и изобилство природни ресурси. Нов Зеланд редовно се издвојува како политички стабилна и мирна земја со голем потенцијал.

Јужна Африка, иако политички турбулентна во минатото, има изобилство од плодна земја и извори на вода за пиење, што е исклучително важна предност во услови на глобална криза. Швајцарија, која одржува воена неутралност повеќе од два века, редовно се рангира како едно од најбезбедните места во Европа. Освен стабилната политика и развиената инфраструктура, Швајцарија нуди и природна заштита благодарение на својот планински пејзаж.

На списокот e и егзотичната држава Тувалу – мал архипелаг лоциран во средината на Тихиот Океан. 

foto Wikipedia/Diego Delso

Можеби ќе ве интересира

ТАРНЕР: Постои тенка линија меѓу ужасите во Сребреница и Мариупол

ТАРНЕР: Постои тенка линија меѓу ужасите во Сребреница и Мариупол

ЗАГИНА ВО УКРАИНА: Кој е француско-хрватскиот платеник Тони Херцег?

ЗАГИНА ВО УКРАИНА: Кој е француско-хрватскиот платеник Тони Херцег?

Кој е заспаниот принц на Саудиска Арабија: 20 години лежи во кома, поради ОВА татко му не сака да ги исклучи апаратите

Кој е заспаниот принц на Саудиска Арабија: 20 години лежи во кома, поради ОВА татко му не сака да ги исклучи апаратите

ВО ХАМБУРГ ИМА 17 ПОВРЕДЕНИ: Четворица се борат за живот

ВО ХАМБУРГ ИМА 17 ПОВРЕДЕНИ: Четворица се борат за живот

ЏЕЈ ДИ ВЕНС: Aмериканските трупи ќе интервенираат во странство само ако има јасни цели

ЏЕЈ ДИ ВЕНС: Aмериканските трупи ќе интервенираат во странство само ако има јасни цели

(ВИДЕО) НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Жена со нож избоде 12 луѓе

(ВИДЕО) НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Жена со нож избоде 12 луѓе

(ВИДЕО) НЕКОИ ПРАТЕНИЦИ БЕА ШОКИРАНИ, ДРУГИ СЕ СМЕЕЈА: Aвстралиски пратеник пиеше пиво од својата патика

(ВИДЕО) НЕКОИ ПРАТЕНИЦИ БЕА ШОКИРАНИ, ДРУГИ СЕ СМЕЕЈА: Aвстралиски пратеник пиеше пиво од својата патика

РОЈТЕРС КОНТРА ТРАМП: еве каде се направени сликите за кои тврдеше дека докажуваат геноцид врз белците во Јужна Африка

РОЈТЕРС КОНТРА ТРАМП: еве каде се направени сликите за кои тврдеше дека докажуваат геноцид врз белците во Јужна Африка

ЗАПЛЕНЕТИ 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА ВО КРИПТОВАЛУТИ - Европол разби голема хакерска мрежа: „ГО ПОГОДИВМЕ ИЗВОРОТ“

ЗАПЛЕНЕТИ 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА ВО КРИПТОВАЛУТИ - Европол разби голема хакерска мрежа: „ГО ПОГОДИВМЕ ИЗВОРОТ“