19 Декември, 2025
0.0525

Аргентина го ограничува он-лајн шопингот поради падот на девизните резерви

Објавено во: Свет 31 Јануари, 2014 16:00

Добивај вести на Viber

Аргентина афирмираше нови ограничувања на он-лајн шопингот како дел од мерките преземени со цел да се запре топењето на резервите од девизи, пренесе BBC. Согласно промените, секој кој сака да купи нешто од странски сајт, ќе треба да потпише изјава и да ја однесе во царината, каде што се добиваат пакети. Постапката ќе се повторува за секоја набавка . Според властите, на овој начин ќе се олесни собирањето на царините. Откако во 2011 година Кристина Фернандес де Кирхнер беше избрана за претседател , нејзината влада воведе голем број на ограничувања во ракувањето со странски парични единици, меѓу кои 35 -процентна такса за секоја трансакција со кредитна картичка во странство. Причината е долготрајниот пад на резервите на Аргентина во цврста валута, кои само во последната година се распаднаа со 30% - најниското ниво од 2006 година. Меѓу претходниот пакет мерки беше и забраната на сајтови како Amazon и eBay кои испорачуваат производи до домовите на луѓето. Наместо тоа, клиентите треба да си ја земат нарачаната роба од царинските канцеларии. Покрај тоа, секој човек има право да си нарача роба во вредност од едвај 25 долари годишно, кои не се оданочуваат . Над овој праг, корисникот мора да плати 50 % данок на секој производ, порачан од меѓународен сајт. На царинските служби им било тешко да ги следат податоците за извршените набавки , поради што сега властите воведуваат задолжителни даночни пријави. Валутната контрола, која до средината на 80-тите години беше нешто вообичаено за многу земји, беше откажана во Аргентина во 1991 година, кога тогашниот министер за финансии, Доминго Кавала, ја обврза локалната валута - пезос, на доларот. Десет години подоцна, владата беше принудена да го девалвира пезосот и да ги замрзне банкарските сметки. Оттогаш, Буенос Аирес доживува тешкотии во привлекувањето на меѓународни инвестиции на пазарни цени.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација