Аркан ми рече да го убијам со куршум во глава: Шокантна исповед на познат српски пејач
Објавено во: Општо 22 Јуни, 2021
Фолк-пејачот Аца Лукас објави автобиографска книга насловена „Ова сум јас - Аца Лукас“.
Во книгата, тој открива сè за бруталните расправии со поранешната сопруга Соња Вуксановиќ, аферата со Ксенија Пајчин, деновите поминати во затвор. Дел од кинигата е посветен на неговата дружба со Жељко Ражнатовиќ Аркан. Во тоа поглавје пејачот ја опишува нивната врска но и понудите што ги добил од него - меѓу другото, да престане да се дрогира и да убие човек, пренесуваат српските медиуми.
„Имаше забава кај Аркан и се договоривме дека ќе одам. Во меѓувреме, ми се јави едно познато градско момче и ме замоли да пеам за него таа вечер. Му реков дека не можам затоа што сум кај Жељко, на што ми одговори дека го боли за Жељко. Секако, јас пеев кај семејството Ражнатовиќ. По неколку дена лице со вперен пиштол упадна во мојата куќа и им се закани на сопругата и детето. Тој така преку мојот грб се натпреваруваше со Аркан “, напишал Лукас во книгата и додал дека за случката му се пожалил на Жељко Ражнатовиќ кој му понудил решение за проблемот:
„Ме праша дали имам пиштол. Реков не. Сега ќе ти испратам пиштол, ми рече. Така следниот пат кога ќе ти дојде тој кретен, доведи го во станот и пукај му во главата. Потоа, јави ми се јас да го средам тоа. Така ми рече Аркан. Му се заблагодарив за советот кој секако не го прифатив, пишува во книгата.
Во книгата, Аца Лукас опишува како Ражнатовиќ се обидувал да го тргне од дрогата.
"Една вечер ми се јави на телефон - Командантот е тука, дојди итно. Нозете ми се отсекоа. Тој никогаш не ми зборуваше така. Се прашував што сум погрешил, за да е толку итно. Отидов во Хотел Југославија, во ноќниот клуб. Влези, ми рече Аркан, отворајќи ја вратата од канцеларијата, инсистирајќи да му напишам кој ми продава дрога. Не напишав но му ветив дека ќе се откажам, напишал ЛУкас.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.