29 Април, 2024
0.0239

Армани ги советува мажите како да се облекуваат за да бидат успешни

Објавено во: Стил 28 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Армани не е само познат дизајнер туку и успешен бизнисмен. И сигурно е еден од оние што знаат како да се облекуваат за да бидат успешни. Добрата облека помага да се чувствувате уверени во себе и да постигнете успех. Боите кои најчесто треба да ги избирате според него се црната, сивата и темно сината. Не секогаш актуелните бои за сезоната треба да бидат вашиот избор. Сакото треба да биде основата на секој машки гардеробер. Уверете се дека сакото ви стои добро и не ви пречи на движењата. Големината треба да биде избрана правилно, помало или поголемо сако изгледа смешно. Ако сакото изгледа добро, тогаш се останато се само ситници. Кога се во прашање чевлите, не штедете избирајќи евтини чевли. Едно од основните правила за стил на Армани е дека чевлите подеднакво како и сакото стојат во основата на машкиот гардеробер. Според него стилот е нешто многу поважно од модните тенденции. Тенденциите се менуваат секоја сезона, а стилот е она што останува и се изградува со текот на годините. Се што имате на себе треба да има ваш личен печат, а не печат на последниот врисок во модата. Холивуд се претворил во стандард, вечерни костими за секој важен настан – црн костим, бела кошула и црна вратоврска. Ова е клише, но секој маж облечен така изгледа добро. Изберете вратоврска со неутрални нијанси. Избегнувајте ги тие со принтови и разни дезени.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти