05 Декември, 2025
0.0693

АРОНИЈА, БАДЕМИ, ЛЕШНИЦИ, OРЕВИ: Здрави се, но дали носат профит?

Објавено во: Агробизнис 10 Декември, 2019 06:57

Добивај вести на Viber

Лешници, бадеми, аронија, гоџи бобинки, носат многу бенефити за здравјето, но дали нивното производство може да донесе добра заработка?

Луѓето кои веќе ги произведуваат и продаваат имаат различни искуства. Јаткастите плодови се важен дел од исхраната. Тие се многу здрави, а посебно се корисни за кардиоваскуларниот систем, бидејќи се богати со омега 3 масни киселини, со витамини и минерали. Со оглед на калоричноста, тие се добар извор на енергија. Помагаат за јакнење на кожата, косата и ноктите, ја подобруваат концентрацијата и меморијата. Со оглед на тоа што содржат голем број корисни состојки, тие го јакнат имунолошкиот систем на човекот.

Михајло Пехчевски од Берово вели дека поттикнати од здравствен проблем на член од неговото семејство, и од фактот дека аронијата им помогнала, почнале да се интересираат за неа. Сега Пехчевски ја продава аронијата, при што ги информира купувачите за позитивните својства на ова овошје, и додава дека свеста кај луѓето се зголемува за здравата храна.

„Кога носам нарачки, им кажувам на луѓето работи кои не ги знаеле и таа идеја се шири. Луѓето сфаќаат дека е корисно, но уште треба да ги едуцираме“, вели тој.

Според него, во земјава не може да се заработи многу затоа што такви се околностите, законските регулативи, а има и нелојална конкуренција.

Димо Мицев од Кавадарци продава бадеми, но смета дека народот не посветува доволно внимание на здравата храна.

„Продавам бадеми, иако тоа не се некои големи количини, затоа што јас имам неколку дрвца, но мислам дека народот нема голем интерес за здравата храна“, објаснува Мицев.

Валетина Теризовска од Македонски Брод продава ореви и лешници од сопствено производство, и вели дека е задоволна од продажбата.

„Имам свои садници на лешници и ореви. Само од ова не може да се живее, но може да се заработи некоја солидна сума. Оваа година лешникот доста го бараат и имаше добра цена. Купуваат луѓе од цела Македонија, и млади и постари. Мислам дека народот станува свесен за тоа колку е потребна здравата храна. Лешниците, оревите се природни овошја, корисни за здравјето, не се прскаат“, додава Теризовска.

Овие плодови се користат и во козметичката индустрија за правење на масла или како состојка на многу препарати.

Дневно не се препорачува да се консумира повеќе од една шолја јаткасти плодови. 

Аронијата пак е одлична во справувањето со слободните радикали во организмот.

Розита Трендафиловска од Куманово која сади гоџи бобинки вели дека по шест години од  почетоците на нива, па до финален производ, нема продажба, а џемовите кои ги направила ги чува во гаража, па не останува друга опција освен да ги подари и да пресмета колкава загуба има.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?