29 Септември, 2024
0.1804

АРСОВСКА ГО ВРАЌА УДАРОТ: Јакимовски да си ја бара вината кај неговиот претходник, а не да ми врши притисок

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Карпош наместо вината да ја бара во неговиот претходник, се обидува да изврши медиумски и институционален притисок врз Градот Скопје, изјавија од кабинетот на скопската градоначалничка Данела Арсовска, откако синоќа преку фејсбук, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, се пожали дека подолго време не може да стапи во контакт со градоначалничката на Скопје, која беше избрана со поддршка на неговиот поголем коалициски партнер-ВМРО-ДПМНЕ.

„Имам потреба вака јавно да се обратам. Веќе 45 дена го молам Градот Скопје да назначи комисија за урбанизам, бидејќи старата комисија е суспендирана, а немаат назначено нова  за да го одобри деталниот урбанистички план за кој што сме ние тужени, а тужителот бара 15 милиони евра оштета.Досега имав средба со јавниот правобранител и со правобранителот кој го води предметот. Инсистираат планот итно да се донесе и на инвеститорот да му се понуди парцелата која е суспендирана со поништување на планот. Ова е последниот начин со кој што можам евентуално да влијаам за позитивно решение на проблемот за Општината Карпош да не биде доведена во тешка материјална состојба“ , напиша Јакомовски на својот фејсбук профил. 

Од кај Арсовска возвратија дека Јакимовски врши медиумски и институционален пристисок врз Градот, за  да се даде позитивно мислење за планот.

„Градот Скопје не учествувал во постапката за поништување на претходниот урбанистички план во Општина Карпош, за да преземе каква било одговорност за било каква штета настаната поради суспензија на претходен урбанистички план, ниту учествувал во постапката за продажба на земјиштето. Градоначалникот на Карпош наместо вината да ја бара во неговиот претходник, се обидува да изврши медиумски и институционален притисок врз Градот, за позитивно мислење на одреден урбанистички план“, изјавиле од кабинетот на Арсовска.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна