15 Април, 2025
0.0961

Јован Деспотовски замина во опозиција и отвора приватен бизнис

Објавено во: Економија 27 Септември, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Доскорешниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони и кандидат за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, отвора свој приватен бизнис за кој засега не сака да изнесува детали во јавноста.

Деспотовски сам поднесе оставка како директор на дирекцијата која раководи со слободните индустриски зони, не чекајќи да биде заменет со нов управител од новата власт. По нешто повеќе од два месеци е сопственик на претпријатие за „управувачки дејности“.

Тој од средината на овој месец е основач на новоформираното друштво за услуги и управување „ТФ Капитал“ во скопско Пржино. Помина една недела откако од него побаравме да даде објаснување со каков бизнис ќе раководи, за потоа да ни рече дека не сака да изнесува детали.

- Не би објавувал сега ништо. Ќе имаме нешто интересно следната недела. Сега не би брзал, ни одговори Деспотовски, иако претходно една недела го баравме за изјава.

Деспотовски пред да биде директор на Дирекцијата за ТИРЗ, од 2017 раководеше со Фондот за иновации и технолошки развој. Дипломираниот економист и долгогодишен член на раководството на СДСМ претходно беше секторски раководител на проекти во Секретаријатот за европски прашања.

Тој речиси четири години раководеше со Дирекцијата за ТИРЗ, која е една од институциите во земјата со најголем буџет, бидејќи покрај големите субвенции кои ги одобрува за инвеститорите, организира и други услуги во развојните зони како изградба на придружна инфраструктура и снабдување со природен гас.

Деспотовски на два пати беше кандидат за претседател на СДСМ - еднаш во 2021 и еднаш во 2024, со тоа што вториов пат заврши зад новоизбраниот претседател Венко Филипче по бројот на партиски гласови.

Во моментов немаме потврда дали ќе ги користи менаџерските и политички контакти како ресурс за водење на приватниот бизнис, но барем е сигурно дека како основач на приватен бизнис нема да добива апанажа од државата, како некои други актуелни и поранешни функционери.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„ИЗГЛЕДА И ТРАМП РАЗБРА“: американските автомобили не се целосно американски

„ИЗГЛЕДА И ТРАМП РАЗБРА“: американските автомобили не се целосно американски

ЦАРУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ, КОНКУРИРААТ КОМУНИКАЦИИ, ЦЕМЕНТ И ЛЕКОВИ - како лани се правеа најголемите профити на Берзата

ЦАРУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ, КОНКУРИРААТ КОМУНИКАЦИИ, ЦЕМЕНТ И ЛЕКОВИ - како лани се правеа најголемите профити на Берзата

Кое пензиско друштво заработи 3,7 милиони евра управувајќи со парите на речиси 300.000 идни пензионери?

Кое пензиско друштво заработи 3,7 милиони евра управувајќи со парите на речиси 300.000 идни пензионери?

НОВИНА ВО ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БАТЕРИИ – на барање на Царина ќе се менува законот за полесна контрола на увозот

НОВИНА ВО ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БАТЕРИИ – на барање на Царина ќе се менува законот за полесна контрола на увозот

ТИВКО И БЕЗ НИКАКВА НАЈАВА: Мерцедес го смени легендарното лого

ТИВКО И БЕЗ НИКАКВА НАЈАВА: Мерцедес го смени легендарното лого

МИЦКОСКИ И НИКОЛОСКИ СЕ ПРОШЕТАА ВО ЏАМИЈА: Еве како тече посетата на Емиратите

МИЦКОСКИ И НИКОЛОСКИ СЕ ПРОШЕТАА ВО ЏАМИЈА: Еве како тече посетата на Емиратите

РАБОТНИЦИТЕ СТАНУВААТ ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК: Оваа компанија ги заменува моделите со дигитални клонови и не е единствената

РАБОТНИЦИТЕ СТАНУВААТ ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК: Оваа компанија ги заменува моделите со дигитални клонови и не е единствената

МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО АЛБАНИЈА: Колку заработуваат нашите западни соседи?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО АЛБАНИЈА: Колку заработуваат нашите западни соседи?

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Македонија може да ја искористи актуелната ситуација со царините и да почне директно да извезува во САД

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Македонија може да ја искористи актуелната ситуација со царините и да почне директно да извезува во САД