АРСОВСКА ВО БРИСЕЛ: Локалната власт се соочува со политичко мешање
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2024
Скопската градоначалничка Данела Арсовска во Европскиот парламент во Брисел, се пожали дека локалната власт се соочува со политичко мешање.
Таа беше таму на покана на Европскиот комитет на региони и ја отвори 162-та Пленарна седница посветена на процесот на проширување и пристапување кон Европската унија, каде во своето обраќање ги изнесе главните препораки и предизвици со кои институциите на локално ниво се соочени во Македонија.
„Повеќе од 70 отсто од законодавството на ЕУ ги засега локалните власти, затоа успешна хармонизација и имплементација на ЕУ регулативата може да се гарантира со мултилатерална соработка каде централните и локалните власти се надополнуваат. Градовите треба да бидат вклучени во справувањето со значајните предизвици преку заедничка работа и градење мостови на соработка и пријателство“, рече таа.
Арсовска се пожали и на ограничените финансиски ресурси и капацитети.
„Во заклучоците воедно акцентирани се и забелешките за еднаквост и правичност, оваа година има значителен пад на статусот на жената во локалната власт, а младите девојки и жени се обесхрабрени да учествуваат знаејќи дека немаат системска поддршка и заштита од родово базирано насилство, што се рефлектира и преку големиот пад на процентот на жени градоначалници низ Европа“, кажа Аровска.
Вели дека локалната власт во Македонија е составен дел на процесот на интеграција на земјата во ЕУ и севкупната рамка на управување.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.