ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата и СОНК се договорија, октомвриската плата повисока за 5 отсто
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2024
НАСТАВНИЦИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ
Наставниците ќе добијат повисоки плати.
Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, потврди дека и оваа година, поточно од месецов, ќе има зголемување на платите во основно и средно образование за пет проценти.
Од октомвриската плата, вработените во основното и средно образование ќе имаат зголемена плата за пет проценти.Oд СДСМ велат дека наместо 12 отсто, наставниците добиваат само 5 отсто зголемување на платите.
Од партијата додаваат дека ова е срамно и претставува обид за амортизација на незадоволството коешто постои.ВНИМАВАЈТЕ НА ИНТЕРНЕТ ИЗМАМИ
Полицијата алармира за нова голема измама, односно лажни профили се претставуваат како Интерпол и нудат помош за изгубени инвестиции од „Конти“.
АХМЕТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, го прими бугарскиот амбасадор, Жељазко Радуков и му се пожали во однос на евроинтеграциите.
Ахмети му честитал на амбасадорот за враќањето во Северна Македонија и го уверил дека блиската соработка во поглед на европската иднина и добрососедството ќе продолжи уште повеќе.
Ахмети и Радуков разговараа за преговарачката рамка на Европската Унија и интеграцијата на земјата во ЕУ, како и за актуелната политичка состојба во Македонија и регионот.Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во Албанија има повеќе Бугари отколку во Македонија.
УРАГАНОТ МИЛТОН НАПРАВИ ШТЕТИ НА ФЛОРИДА
Страшни последици има од ураганот Милтон кој ја погоди Флорида, а загинаа 17 луѓе.
Има урнатини, многу луѓе се без струја. Повеќе од 2 милиони домаќинства на Флорида сè уште се без струја. Околу 30 отсто од бензинските пумпи во државата се без гориво. Откако полицијата пронајде постар човек, бројката на загинати се искачила на 17.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.