СПОРЕДБА ЉУБЉАНА, ЗАГРЕБ, БЕЛГРАД, САРАЕВО, СКОПЈЕ: Квадрат од 11.000 евра до „багатела“
Објавено во: Економија 12 Октомври, 2024 09:28
Граѓаните на Загреб со своите просечни годишни примања можат да купат помалку од 6 квадрати станбена површина во својот град. Ова го наведува во својот извештај Економскиот институт од Загреб анализирајќи ги цените.
Но, во помалите градови е полесно да се купи стан, за разлика од Сплит или Дубровник каде за квадрат луѓето треба да одвојат над 30 отсто од своите приходи во текот на годината, пишува Jutarnji.
Средната цена на квадрат во Загреб била 2.285 евра. Но, разликите се огромни и се движат од 1.400 до 7.000 евра.
Во Словенија растат цените на недвижнините. Средната цена е над 4.300 евра, а има и цени од 5.000 евра па нагоре. Најевтините станови за 3.000 евра по квадрат во Љубљана се на периферија, стари се и треба да се реновираат. Но, од друга страна, новите згради во центарот, луксузните станови со квалитетни материјали имаат цена и од 8.000 евра по квадрат. Цените се доста високи во однос на просечните примања.
Во Белград цените се движат од 2.200 и 2.500 евра, а во Белград на вода квадрат чини неверојатни 11.475 евра. Токму проектот Белград на вода, поттикна раст на цените кои претходно не надминуваа 2.600 евра.
Во Сараево цените се ниски, и таму пазарот не е многу активен. Во вториот квартал од 2024 година, просечната цена е 1.714 евра. Просечната плата од 789 евра не е доволна за решавање на станбеното прашање. Цените за недвижнините не се пристапни за повеќето граѓани.
Цената на метар квадратен стан во ценарот на Скопје веќе ја надмина границата од 2.000 евра, што претставува сериозен предизвик за сите оние кои треба да го решат станбеното прашање.
Но, ако решите наместо во стан, да живеете во куќа, тогаш навистина ви се потребни сериозни финансиски средства или речиси цело богатство.
Вселива куќа (80 квадрати со околу 300 квадрати двор) веќе не може да се најде под 100.000 евра и таа цена важи само во приградските населби како Маџари, Волково, Радишани, Долно Лисиче. На други локации цените се дури повисоки.Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2024 година, изнесува 40.961 денари, што значи дека многу граѓани тешко ќе го решат станбеното прашање.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење
Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра
СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари
САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела
Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија
Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист
Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?




