„КОНТИ“: Желбата за брза заработка навлече илјадници кавадарчани
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2024
Желбата за брза заработка ги навлече кавадарчани на апликации за брзи пари.
Инаку, 8.000 кавадарчани биле во мрежата на „Конти“.
Големата желба за заработка без труд и алчноста се само некои од причините што ги навлекоа кавадарчани на апликации за брзи пари. Ниту информациите дека пропадна една од ваквите апликации „Конти“, не ги одвраќа од намерата да заработуваат на ваков начин и одново ризикуваат и инсталираат нови апликации на своите мобилни телефони. И додека многумина се прашуваат дали во ваквите случаи станува збор за модерен начин на пирамидални измами, од Секторот за внатрешни работи – Велес потврдуваат за МИА дека нема пријавено измами преку интернет апликации за игри.
Во разговор со жители на Тиквешијата, МИА открива дека вирусот со апликацијата „Конти“ толку многу ги зафатил поединци, што еден член од фамилија вклучувал други од поширокото семејство, правејќи им акаунти дури и на постарите роднини, па и на помладите. Се играло, како што велат тиквешани, модерен комар, фамилијарно дома, колегијално на работа, пријателски по угостителски објекти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.