16 Мај, 2024
0.0285

АРТ СТУДИЈА: Бизнис кој „цвета“ на Запад, но дали би можел да заживее и кај нас?

Објавено во: Економија 27 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Во Америка и Европа голем е бројот на арт студија каде се нудат резиденцијални престои за уметници, писатели, преведувачи, кои за одреден период би работеле на проект, но за оваа услуга би платиле.

Цените се различни, а местата или се во метрополите, или се оддалечени од урбаните средини и се наоѓаат во живописни предели. Во Америка има студија каде месечно се плаќа по 1000 долари, во Франција има места каде за истото се бараат 1000 евра, а во Италија има и  варијанти каде за првата недела се плаќаат по 450 евра, а секоја следна недела од престојот е поевтина. Дека ова може и на Балканот да функционира и да носи заработка, покажува и пример со арт студио во Нови Сад, Србија каде сите термини до крајот на оваа 2018 година се пополнети, со исклучок на две седмици во октомври, а за месец дена наплатуваат 400 евра. Овие арт студија можат да бидат добар бизнис и да носат профит. 

Интернационален град на уметностите, Париз

Нашите уметници велат дека Македонија има локации каде би можеле да се изградат вакви објекти, но треба да се инвестира.

„Тоа може да биде многу корисно, и кај нас има многу убавини, но има една клучна работа, треба да се инвестира. Арт студио од таков карактер колку јас што знам нема, и ако некој странски уметник сака да дојде, да престојува, работи, за сите информации се обраќа до општината во градот.  Арт студио е добра идеја, но како тие да дојдат, да престојуваат, да творат, да платат и да им остане желбата да дојдат и наредната година? Тоа е широка тема“ – вели Блаже Донев, уметник.

Писателката Ивана Поповска смета дека во земјава ни треба осмислен концепт за вакви проекти и престои.

Студио XX, Moнтреал, Канада

„Во нашата држава сè уште не е точно прецизирано и решено прашањето околу културните вредности и организациски делувања. Сè  уште ни недостигаат примери и насоки како да се издејствува и да се овозможи сето тоа. За да се реализира, треба да се обезбедат услови“- рече Поповска.

Куќа за преведување, Рим, Италија

Ликовниот уметник Валентина Илијевска смета дека ова е многу интересна идеја. 
„Многу интересна е идејата и грижата за уметноста, и поретко се среќава, што е изненадувачки. Се изненадив на идеја за уметничка размена или престој, особено на нашите простори. Ликовните колонии се благородна работа за нас уметниците, за можност за спознавање и ширење на искуства. Нови инспирации за понатамошно развивање на творештвото. Во интерес на организацијата тие се краткорочни во однос на времето. Но, се една од можностите на ширење на идеите. Додека пак уметничкиот престој е позначајна можност на спознавањето на културата и уметноста за поднебјето и корените на еден уметник. Овозможува ширење на погледи и сетилата, како всушност функционира светот. Интродукција до иновации во индустриското општество со цел за неговата целосна инволвираност. Од една страна и како жител на овие простори особено во Македонија, би било од голема полза. Особено за нашата држава. Секој уметник би имал можност подобро и одблуску да го запознае ова поднебје, без надомест на медиумската инфлуенца за погрешната перспектива во поглед на нашата држава. Уметнички престоии надвор од нашата земја се креирани, со цел да ги запознаат со квалитетите на нивната култура, историја, но и со уметност. Да се скршат бариерите и стериотипите кои самите ние ги создаваме едни кон други. Што повеќе имаме добра посетеност и добар пласман тоа би било подобро и за самите нас“ - рече Илијевска. 

Сања Радуловиќ, поетеса од Добој, БиХ вели дека и кај нив се реткост ваквите арт студија, и додава дека уметниците од надвор можат да си дозволат да платат за престој, а Балканците тешко.

„Веројатно тоа би можело да се реализира, но тоа е сериозен проект и е наменет за оние кои имаат пари. По мое мислење уметноста треба државата да ја поддржи, но тоа е тешко. Обично нашите уметници бараат резиденции онаму каде сè е платено“- вели Радуловиќ.

Интернационален центар на поезијата во Марсеј, Франција

Но, за овие резиденции и покрај тоа што се плаќа за престојот во странство, се вреднува и биографијата на уметникот кој ќе биде селектиран,  и она што тој планира да го работи. Престоите обично траат од две седмици до три или шест месеци.

Сања Атанасовска

фото Transartists

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА