22 Ноември, 2024
0.0298

Груби ќе го прави планот кој од „рамковните“ каде ќе работи, казна од 2.000 евра ако не им се дадат задачи

Објавено во: Економија 11 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Директорите и управителите на државните институции, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија, општините и акционерски друштва во државна сопственост ќе бидат казнети со 2.000 евра доколку не им дадат работни задачи на „рамковно“ вработените административци, според-предлог законот кој влезе во Собранието а ќе се носи по брза постапка.

Министерството за политички систем, каде инаку се вработени нераспоредените административни службеници кои со години добиваат плата а не одат на работа, ќе го изготви планот каде тие ќе работат активно, владата ќе го усвои овој план, а потоа ќе им биде даден на директорите, претседателите, градоначалниците и управителите кои ќе треба да го прифатат.

„Глоба во износ од 2000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на одговорното лице во институцијата доколку не ги усогласат актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работните места согласно со членот 5 на овој закон“, се вели во предлог-законот.


Работното место на вработениот треба да биде на исто ниво како неговото претходно вработување. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, најдоцна 15 дена по влегувањето во сила на овој закон, на Владата ќе и го предложи предвидениот план, пишува во законот. Во истиот план кој ќе го сработи министерството под водство на првиот вицепремиер Артан Груби, за секој „рамковно“ вработен ќе стои називот на институцијата во која треба да биде превземен..

Владата по 30 дена од стапувањето на сила на овој закон треба да го прифати планот на министерството за политички систем, а Министерството за финансии треба да го одреди новиот буџет на институцијата во која тие ќе работат.

Секој вработен решенијата за трајно упатување ќе ги добие од Министерството за политички систем и ќе имаар рок од седум дена да ги потпишат. Доколку тоа го одбие, му се укинува работното место во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и се евидентира на трансфер – листата за можни преземања на Министерството за информатичко општество и администрација.

Судбината на оние кои ќе се најдат на трансфер - листата на МИОА најверојатно ќе се решава со посебен акт. Министерот Јетон Шаќири рече дека таму рокот за да се прифати новата понуда за работно место ќе биде уште помала, или во спротивно трајно ќе им се раскине работниот однос, но не прецизираше колку ќе трае целиот рпоцес.

Според законот, државата мора да им понуди најмалку иста плата, но не и пониска од онаа која претходно ја земале. Затоа во предлог буџетот за 2021 година била предвидена слична сума како за годинава, или 9,3 милиони евра за 1.430 вработени.

Во Министерството за политички систем вработени се вкупно 1.500 лица. Тоа го покажуваат официјалните податоци. Годишно, секој од ове луѓе добива по 6.300 евра, или по повеќе од 500 евра месечно, плата која многумина можат да ја сонуваат. 

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит