25 Април, 2024
0.0260

Асанж - борец за вистината или непријател за светскиот поредок

Објавено во: Стил 11 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Основачот на Викиликс, Џулиан Асанж, кој денеска беше уапсен од британската полиција откако Еквадор му го укина дипломатскиот азил во нивната амабсада во Лондон, барем има на што да се повика пред неговото судење - дека има позитивно мислење од работна комисија на Обединетите нации дека е неправедно гонет.

Тогашниот британски премиер уште пред две години наведе дека Асанж веднаш штом ќе ја напушти амбасадата на Еквадор се активира налог за негово апсење.

Во случај на поволна одлуки, ктој претходно изјави дека веднаш ќе побара да се врати неговиот пасош и дека неговиот обид за апсење би бил суспендиран, но британските власти веќе толкуваа дека одлуката на ОН не е правно обврзувачка.

Инаку, ОН се вклуи во целиот случај откако поранешниот новинар во 2014 година поднесе тужба против Шведска, каде што е обвинет за силување и Велика Британија која  "незаконски сака да го лиши од слобода".

По барање на Шведска за екстрадиција, Асанж се сокри во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што е од јуни 2012 година.

Публицисти го опишуваат "како најопасниот човек во светот" е познат ои својот  прилично специфичен карактер, начин на живот, преокупации, манири, образование, дури и во околности во кои тој израснал.

Во интервју за New Yorker во 2010 година Асанж рече дека е посветен на она што тој го нарекува "научно новинарство", односно ситуација која е различна од постојната во која читателите не се во можност да го проверат она што го читаат и што, тогаш, може да биде резултат на злоупотреба.

„Кога владите ќе запрат со тортура и убиства на луѓе, кога корпорациите ќе престанат со злоупотребата на правниот систем, дури тогаш можеби ќе биде време да се постави прашањето за одговорноста на борците за слободата на говорот"

Асанж стана глобално призната личност во 2010 година, кога на 28 ноември откри повеќе од 251.000 американски дипломатски телеграми и кореспонденцијата меѓу Стејт департментот и американски дипломатски мисии низ целиот свет.

Овој материјал содржи доверлив материјал од 40 проценти и повеќе од шест проценти тајни документи.

И претходно неговата активност предизвика сериозна главоболка кај функционери и нивните служби, особено "случајот Апачи", која Асанж и неговите соработници го нарекоа "Проект Б".

Тоа беше видео од кокпит на американскиот хеликоптер Апачи, покажувајќи како американските војници убиваат 18 цивили во Ирак во 2007 година, вклучувајќи и двајца новинари.

Асанж го основа Викиликс во 2006 година и почнал да работи во јануари 2007 година, опишувајќи го делото како "цензурирана Википедија".

Првиот објавен документ ги обвини сомалиските власти за ангажирање на криминалци за извршување ликвидација. Автентичноста на овој документ веднаш бепе оспорен.

Викиликс сајтот секојдневно откриваше 10.000 страници документи од изворни дипломатски документи кои беа емитувани на насловните страници на весниците во целиот свет, со разоткривање на бројни "валкани работи" во светската дипломатија, на местото на злосторството, или само гласини.

Така, беа обелоденети материјали за убиства во Кенија, токсичните материи во почвата на Африка, банкарска кореспонденција меѓу Kaupthing и Julius Baer, материјали за операциите во Ирак и Авганистан, или во врска со ситуацијата во Гвантанамо.

На 30 ноември 2010 година беше објавена потерница од Интерпол за Асанж и на 7 декември британците го уапсија, врз основа на барањето на Шведска. Во таа земја, тој е обвинет за наводно сексуално прекршување.

PostFinance, швајцарската банка, ги блокираше неговите средства во декември 2011 година, а Мастеркард, Виза АД, PayPal и Банката на Америка го спречија приливот на пари за Викиликс

Според Асанж, во најдобрите времиња, Викиликс дневно добивал 85.000 британски фунти. Сепак, Окружниот суд во Рејкјавик, Исланд, во 2012 година дошол до заклучок дека Виза АД го прекршил договорот и предизвикал штета од 20 милиони долари.

Асанж во 2010 објави биографија за да си ја олесни финансиската состојба и тогаш стана јасно дека тој всушност бил познатиот хакер Mendaks.

Асанж е роден во јули 1971 година во Таунсвил, Квинсленд, Австралија.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти